Зад мртвите

15.04.2020 19:02

 

Зад мртвите останува
грижа на совеста,

грешки, замерки,
спорови недорешени,

неисполнети ветувања,
неодговорени прашања,

делби, сомнежи,
болка и копнежи,

спротивставени гледишта,
идеолошки буништа,

трошка презир и некоја лага,
грутка љубов и чиста тага,

будење в сон или в кошмар,
извик во ноќта, лош ден,

каењето дека требало
почесто да се гледаме,

свеста дека требало
повеќе да разговараме,

внимание непосветено до крај,
време несподелено,

денот на последната средба,
часот на последниот повик,

бројот во телефонскиот именик,
книгата невратена никогаш,

блискост претворена во отуѓеност,
сон и кошмар, незаборав.

Зад мртвите останува
животот што престанува,

но во нашите продолжува
смртта да ја задолжува.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото