Желката џогира

16.04.2020 12:26
Желката џогира

Зошто
баба желка
ретко, ретко
се нервира?
Затоа што
редовно
џогира.

И, ич не
ја тангира,
што колку
и да вјаса,
сè живо
ќе ја превтаса.

Само ќе го
сврти оној
нејзин поглед
дрвен,
кон цветот
црвен:

– Мило, сега
знам и сама,
вистина е што
рече мама:
„Ќерко моја,
желко мила,
во бавноста
е нашата сила“.

Илустрација: Алексеј Костовски

Извор: Чудна шума 

ОкоБоли главаВицФото