Холандскиот град најпогоден од Ковид-19 прекриен со позитивни дизајнерски постери

16.04.2020 14:29
Холандскиот град најпогоден од Ковид-19 прекриен со позитивни дизајнерски постери

„Чувај се, грижете се еден за друг, одржувај дистанца, јави им се на баба ти и дедо ти“ – сѐ се тоа коментари што често ги слушаме последно време. Жителите на Бреда во Холандија сега истите можат да ги сретнат и на улица благодарение на весела постер-кампања на Graphic Matters.

Холандскиот град со најмногу случаи на Ковид-19 во земјата е покриен со стотици вакви разнобoјни уметнички дела кои содржат позитивни пораки во надеж дека кога луѓето ќе излезат надвор, дури и за кратка прошетка или купување, не само што ќе се грижат за безбедноста на другите туку и ќе се орасположат.

Кампањата е дел од проектот „Stay Sane, Stay Safe“ („Остани прибран, остани безбеден“) од дизајн студиото Lennarts & De Bruijn и агенцијата Оverdeschreef, и се состои од 12 постери од дизајнери од целиот свет.

„Во овие необични времиња, креативноста е поценета од кога било. Светот копнее по инвентивни и креативни манифестации. Графичките дизајнери ги поседуваат алатките и вештините да ги трансформираат овие важни пораки во впечатливи слики. Ако сите се држиме во овие мерки, сѐ ќе биде во ред“, вели Денис Елберс од Graphic Matters.













Повеќе за проектот

Извор: Creative Boom

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото