1025 hPa
63 %
17 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 10:22
Постојат два вида на криза: оние за кои не сме можеле да се подготвиме, зашто никој не можел да ги предвиди и оние кои требало да ги дочекаме подготвени, зашто биле најавени. Епидемијата на Ковид-19 очигледно се наоѓа во втората категорија, без оглед на тоа што го зборува претседателот Доналд Трамп во обид да ја избегне одговорноста за катастрофата што се случува. Точно е дека станува збор за нов вид вирус и дека точниот датум на избивањето на епидемијата никој не можел да го предвиди, но не може да се негира дека стручњаците веќе долго време зборуваат дека избивањето на ваква епидемија е прашање на момент.
САРС, МЕРС, Х1Н1, ебола и други епидемии беа доволно предупредување. Светската здравствена организација пред 15 години ја ревидираше и ја прошири глобалната рамка за реагирање на епидемии на заразни болести во обид да ги отстрани недостатоците воочени во текот на епидемијата на САРС во 2003 година.
Во 2016 година, Светската банка утврди програма за финансиска помош за сиромашните држави во случај на пандемија, позната како „Pandemic Emergency Financing Facility“. Само неколку месеци пред да се појави Ковид-19 во Вухан во Кина, администрацијата на Трамп добила извештај кој предупредувал дека постои голема веројатност да избувне нова пандемија слична на онаа од 1918 година, која убила околу 50 милиони луѓе ширум светот.
Како и климатските промени и нивните последици, кризата со пандемијата се подготвува веќе долго време. Реакцијата во Соединетите држави беше катастрофална. Трамп со недели одбиваше да се соочи со сериозноста на ситуацијата. Кога бројот на заразените и хоспитализираните почна да расте, се покажа дека државата нема доволно тестови, маски, респиратори и други потребни медицински залихи.
Соединетите држави не ги побараа тестовите кои ги обезбеди Светската здравствена организација, ниту на време обезбедија сопствени сигурни тестови. Трамп одлучи да не ги искористи претседателските овластувања за реквизиција на медицинските залихи на приватните производители, заради што болниците и локалните управи се најдоа во ситуација да се обидат да дојдат до потребните залихи со лицитирање едни против други.
Задоцнувањето со масовното тестирање и воведување на мерки за ограничување на движењето скапо јачинеа и Европа, особено Италија, Шпанија, Франција и Британија. Подобро се снајдоа некои од државите во источна Азија. Изгледа дека Јужна Кореја, Сингапур и Хонгконг успешно ја ставија епидемијата под контрола комбинирајќи ги масовното тестирање , следењето на контактите и строгиот карантин.
Разликите во реакциите на кризата се забележливи и внатре во границите на истата држава. Покраината Венето на северот на Италија помина значително подобро отколку соседната Ломбардија, најмногу благодарение на тестирањето и побрзото воведување на ограничувањето на движењето. Кентаки и Тенеси, две соседни држави во САД, првите случаи ги пријавија со разлика од само еден ден. На крајот на март, Кентаки имаше само една четвртина од вупниот број случаи забележани во Тенеси, бидејќи локалната управа побрзо реагираше со прогласувањето на вонредна состојба и затворањето на јавните простори.
Кризата, главно се овиваше онака како што врз основа на прифатениот стил на управување во дадената земја можеше и да се очекува. Смртоносната некомпетентност на Трамп, трапавоста и саморекламирањето воуправувањето со кризата, никого не изненадија. Бразилскиот претседател Болсонаро, подеднакво суетен и превртлив, продолжува да ја потценува опасноста, како што се очекуваше.
Исто така, не изненадува што најбрзо и најефикасно реагираа токму државите чиишто администрации сè уште уживаат значајна доверба кај граѓаните – Јужна Кореја, Сингапур и Тајван.
Одговорот на Кина беше типично кинески: цензурирање на информациите за ширењето на вирусот, висок степен на државна контрола и мобилизација на огромни ресурси во моментот кога сфатија што се случува. Во Туркменистан е забрането користењето на зборот „корона вирус“, а збаранета е и употребата на заштитни маски на јавни места. Виктор Орбан ја искористи кризата за да ја зацврсти апсолутната власт во Унгарија така што го распушти парламентот и себе си даде овластувања за управување со декрети без временско ограничување.
Може да се каже дека кризата само ги нагласи и во прв план ги извлече преовладувачките карактеристики на политичкиот живот. Како во текот на кризата, државите да се претворија во пренагласени верзии на она што биле и пред да почне пандемијата. Оттука следува дека оваа криза можеби нема да биде епохален пресврт во историјата на глобалната политика и економија каков што многумина очекуваат. Наместо светот да го изведе на некој нов и значајно поинаков пат, поверојатно се чини дека само ќе ги продлабочи и зацврсти веќе постоечките трендови.
Големите потреси како што е овој и самите произведуваат „ефект на потврдување“: така, расте веројатноста дека во катастрофата шо ја предизвика Ковид-19 ќе ја препознаеме потврдата на сопствените ставови и погледи. Можеби и зачеток на некој иден економски и политички поредок на она што веќе одамна го посакуваме.
Луѓето што се залагаат за поистакната улога на државата и повеќе вложувања во јавните добра веруваат дека текот на кризата ги потврдува нивните ставови. Оние кои се скептични кон државните интервенции и ја забележуваат само некомпетентноста на државната управа, исто така, веруваат дека кризата покажува дека се во право. Поборниците на глобалноло управување тврдат дека поробустен меѓународен режим за здравствена заштита би можел да ги намалаи трошоците што ги пави пандемијата. Оние кои се залагаат за јакнење на улогата на националните држави ги набројуваат пропустите на Светската здравствена организација во реагирањето при доаѓањето на кризата (на пример, земањето здраво за готово на кинеските податоци, спротивставувањето на мерките за ограничување на движењето и давањето препораки да не се користат заштитните маски).
Накратко, Ковид-19 најверојатно нема да промени било што, а уште помалку ќе предизвика пресврт во тенденциите кои беа воочливи и пред кризата. Ќе продолжи бавното умирање на неолиберализмот. Популистичките автократи ќе бидат уште поавторитарни. Хиперглобализацијата ќе продолжи да се повлекува, додека националните држави и понатаму ќе јакнат и ќе го преземаат креирањето на политиките. Соединетите држави и Кина и понатаму ќе се движат по патеките кои ги водат кон точката на судир. Внатре во државите ќе се интензивираат судирите помеѓу олигарсите, авторитарните популисти и либералните интернационалисти, а левицата и натаму ќе биде во потрага по програма за привлекување на мнозинството гласачи.
Илустрации од видео играта „Sea of Solitude“
Извор: Project Syndicate