Светската економија годинава ќе падне за 3%

18.04.2020 17:39

Најнова проценка на ММФ за светската економија за годинава: Глобалниот пораст ќе изнесува -3%, што е намалување за 6,2 процентни поени од прогнозата во јануари, кога се проценуваше дека светската економија годинава ќе расте 3,2%. Ова е најголема краткорочна корекција на прекцијата уште од Големата депресија (во 30-те) досега. И сето ова под претпоставка дека т.н. пик на заразата ќе биде во овој квартал (април-јуни), односно ова е основно сценарио (има и полошо). Економиите на развиените земји ќе „паднат“ повеќе, односно за -6,1%, а на неразвиените и на земјите во развој за -1,0%. „On a positive note“ што се вели, веќе за догодина се проектира делумно закрепнување и светски економски раст од 5,8% (повторно основно сценарио). Лошото сценарио, пак, е пад за годинава од -6%, а за догодина место раст, сепак пад од околу 2%. Уште само ова, најпогодени сектори: туризам, патување и забава.

Герман Филков, Фејсбук, 14.04.20.