Проспект

19.04.2020 12:42

Јас сум таблета за смирување.
Делувам дома.
Ефикасна сум во канцеларија,
одам на испити,
учествувам во парници,
внимателно лепам скршени садови ‒
само земи ме,
истопи ме под јазикот,
само проголтај ме,
само со вода.

Знам што треба да се прави со несреќата,
како да се поднесат лошите вести,
намали неправдата,
објасни отсутноста на Бога,
избере прикладна шапка за црнината.
Што чекаш ‒
препушти ѝ се на милосрдната хемија.

Уште си млад (млада),
мораш некако да се средиш.

Кој вели
дека животот мора храбро да се проживее?

Предај ми го својот понор ‒
ќе го премостам со сон,
ќе ми бидеш благодарен (благодарна)
кога ќе се дочекаш на сите четири.

Продај ми ја својата душа.
Друг купувач не ќе најдеш.

Нема веќе друг ѓавол.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото