1023 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 07:59
По повод празникот Велигден, графичкиот дизајнер Небојша Гелевски - Бане ја продолжи серијата фотографии/ инсталации „Човекот во жолтото заштитно одело“.
За малите уметнички инсталации
Главниот лик е „научник“ во заштитна облека, и е персонификација на напорите на обичниот човек да се справи со предизвиците, да гo разбере и да се прилагоди на живеењето во времето на корона. Осаменоста, немата комуникација, понекогаш мрачната атмосфера, се контрастираат меѓусебно на фотографиите кои прикажуваат и среќни моменти, како што е допирот со природата или комуникацијата со пријател, но без вообичаениот човечки допир.
Криејќи се од вирусот, во постојани промени на расположението, ненадејно откриваме микро космоси кои обично ги занемаруваме. Гледајќи се себеси како предмет, нашите реакции и меѓуодноси ни се отвора фина подлога за размислување: во која насока ќе се промениме? Ќе станеме ли помудри по Корона изолацијата?
Фотографии/Инсталации: Небојша Гелевски - Бане