За современото ропство

19.04.2020 23:13
Колку робови имате

Без современите машини, едно просечно, речиси сиромашно семејство во Србија би морало да ангажира барем 50 робови за да го одржи привидот на животот кој го води денес.

Само за производство на онаа количина храна која денес во просек ја јадат седум милиони Европејци, колку што живеат во земји со големина на Србија, без машините за обработка на земјиштето и современата преработка на намирниците, би биле потребни околу 70 милиони човечки робови.

Сега замислете држава со 77 милиони жители каде секој десетти човек е слободен, додека останатите десет живеат сосема обесправени, гладни и измачувани, често поврзани и сосема зависни од господарите, осудени на тешка работа до смрт.

Дури и цивилизациите во Антиката биле подобро избалансирани. Пред две илјади години, непосредно после пропаста на римската Република, кога Рим под Октавијан Август ја опфаќал и Цисалпинска Италија, на територијата на империјата живееле 7,5 милиони луѓе - од кои граѓански права уживале 4,5 милиони Римјани, додека со нив живееле 3 милиони робови.

Сите овие робови, неопходни за да се одржи римскиот живот, немаат ни приватни, ни политички права, Од друга страна, римскиот граѓанин, на пример еден патрициј, носи пурпурна лента на бела тога и учествува во работата на Сенатот, поседува имот од околу милион сестреции, удобна вила на Палантино, Селија или Велабрум со олтар и маски од предците, како и барем уште седум до десет имоти во внатрешноста и на морскиот брег.

За еден патрициј работат повеќе стотици робови. Тој одлучува за смртта на секој од нив, им дозволува да живеат во заедница со друг роб или робинка, но без право на венчање (таканаречен контуберниум), ги ослободува или усмртува, ги храни и облекува според сопствена волја, ги користи за стекнување приходи и располага на ист начин на кој модерниот човек ги третира своите машини.

Како што истакнува францускиот историчар Жан-Ноел Робер, во античкиот период речиси целото производство се темели на робовите. Во Стариот Рим робовите не се само за патрициите - сосема природна е состојбата во која граѓанинот, без разлика колку е богат или сиромашен, никогаш да не треба да работи и сите работи за него да ги извршуваат робовите.

Физичката работа, во римското поимање на светот, морала да ја деградира личноста. Но, римскиот роб главно е дел од добро организирано домаќинство и животот не му е толку ужасен каков што може да биде животот на робовите во варварскиот свет.

Иако за него учиме од грчки и римски извори, ропството е природна појава не само околу Медитеранот, кој неговите господари Ријмани го нарекуваат наше море (Маре нострум), туку на целата планета. Оптимистички се проценките дека во оваа ера повеќе од 50 проценти од човечкиот род го сочинуваат робови.

До 10 век со робови тргуваат Викинзите и руските трговци кои ги носат на Балканот. Робови продаваат и Монголите и сите средноазиски народи. Багдадскиот калифат носи робови од Венеција и Марсеј. Истовремено, муслиманските трговци со каравани преку Сахара носат робови од срцето на Африка, а се проценува дека на овој начин во Европа стигнале 14 милиони робови.

Состојбата нема да се промени многу ни во наредните епохи, во Средниот и Новиот век, а за жал, робовладетелството ни денес не е сосема изумрено. Меѓутоа, според податоците на американската организација Free the Slaves, во овој век само околу 0,5 проценти од светската популација живее во одреден вид ропска положба.

До тоа довеле разновидните историски процеси, но без сомнеж, нивното ослободување го овозможиле - машините. Имено, тие од луѓето го преземале она што држело милиони во ланци - физичката работа.

Исклучителната ефикасност на термодинамичките машини, како и калоричноста на горивата што ги користиме за нивно функционирање, се покажаа како далеку пооправдани од употребата на сировата човечка сила. Според проценката на ирската Фондација за одржлива економија (ФЕАСТА), еден човек мора да работи четири години за да ја изврши работата која би ја извршил еден полн резервоар автомобилско гориво.

Слики: Hazem Talaat

Извор: http://naukakrozprice.rs

Слични содржини

Општество / Европа / Свет / Историја
Општество / Наука / Историја
Општество / Теорија / Историја
Свет / Технологија / Историја
Општество / Свет
Свет / Историја
Наука / Историја

ОкоБоли главаВицФото