Curfew song (5)

20.04.2020 08:50
Curfew song (5)

I remember smoking on the airplane

Вечерашнава песна е буквално инспирација, релативно нова ствар на кардифските старци од Андерворлд врз која уберстарацот и мојот пин-ап Иги Поп веома добро артикулисано раскажуе (сакам кажам веома разумљиво за неЕнглезе), а богами и веома практично и сукцинтно, по мој укус (иако вториот прилог не ми је баш навика) за она шо и мене ми паѓа на памет ко ќе помислам на „либерално” и за разлика од сегашниве деца за кои је то нека општоместовска увреда за свите оние шо не им се доволно радикални у попуење, ал важно се најлоши лицемери и дефинитивно одговорни за све шо не ваља. Ја некако појма неам зашо.

И мене, ко Иги, можда нè маа пуста жалба по младос и меланхолија по формативни години, оставени у оној двајстион век, сосве његови хладноратовски и постхладноратовски прикаски. Да не ја тупам многу: и на Иги и на мене изглеа ни се погоди метафорава со пушењето у авион у „златно доба авијације”.

Пошо air travel сега е изузетно ружен и освен на оние шо не путујат со авион не знам како тековниов третман на рајава им доаѓа ко некаков злокобан знак за убудуќе коа злокобниот знак ни беше фино даен уше 2001. Ја мање више безбрижно си келнеришев тој битен ден у Рансомс Док, чак и на кукинг шоу легендата Дилија Смит ѝ послужив органик стејк. Гости почнаа да се комешаат и да брујат дека у Њујорк авион се збрцал у едната од кулите близначки и прво шо си помислив беше: „Ау, како ќе си го попие некој од контрола лета!” Ама малце попосле клиентела почна да ни стануе од астали, посебно онаа од Ситито лондонско и да бара рачун и хитно да си оди. Жак Францусчето сомелие од шанк ме обавести дека уше еден авион се збрцал у другата кула и не го ни дослушав за attaque terroriste, јасно беше...
После работа се бутав со разнорасна раја пред newsagents за да купам новине, од оние шо се чуваат, да комеморираат важни датуми, и со Енглезов се нацртавме пред телевизор да се љигавиме пред шесто тринаесте риплеја на хорор-порното. Ал то беше интересниот дел, па чак и невeроватната тишина наредните денови коа забранија летови над Лондон. Таму апла се приметуе, не моеш да дигнеш поглед у небо а да нема два-три авиона, а кај мене у дворот на едната од испоставите на Челси Арт Скул у позападен Лондон, на пуш-пауза надвор се занимаавме со прочитуење чиј е авионот шо се спушташе да слета на Хитроу. Corean Air се глеаше од најдалеку.


И покрај многуте авионски киднаписања за ренсом или политички азил ил политички поруки чии релативно романтични причи сме ги проследуеле у прошлос со максимум 2/3 потепани, еве и Иги у песмава, пошо е бумер па се фино сеќа, збори за популарниот спорт у шеесети доцни тинејџери да киднаписаат авиони и да ги носат у Куба, кај шо Кастро наплаќал по 20.000 долари да ги врати, чак и Бугари и хрватски усташи имаат киднаписано авиони, а едно од моите најрани ТВ вести сеќавања е авионот на Ер Франс киднаписан од ПЛО и слетан у Ентебе Уганда, па спашаван од израелски командоси, све ко на филм (иако баш најраното тв сеќавање ми е и снимка од Атина 74 ко падна диктатурата и како раја трча и се дере по улици ко блесава, па тек после овие две и епопејата со Алдо Моро), значи, малце многу ми дојде ова морозно збрцуење на авионите сосе путници и киднапирачи у смрт иако бомбаши самоубијци после ми станаа тема на интерес, чак и у моите уметничарења у школо, пошо ваљда и нашиот такозвани „конфликт” од истата година им спреми терен.

Ма и уопште бевме навикнале у девеести да рипаме, меѓу другото и на Андерворлд, по хемиски поткрепени журки по Скопје за да бидеме и ние дел од tribe-от, свесни за ескапизмот од нашата ружна локална реалност, ал бар на развиениот свет му идеше демек супер.

Е, арно ама, ко отидов на Хитроу отко се пуштија летови, за да тркнам до дома ко некое педерче тек откад је завршио рат, па коа влегов на 4ти терминал кој је углавном за летови у Америка, и је целиот некако помермерен од другите, могуќиот предосеќај дека можда поквалитетно ќе се проведам брзо ми беше дубоко изневерен. Ме истретираа мање више исто ко коа ме протераа од земљата маѓарска у пет саат сабајле по цела ноќ малтретирање пешки да си идам у земља Србија. Ал за тоа можда друг пут.

Значи згнетена ненормална раја, чекаме бесконечно, на сите ни отвараат куфери уше на чекирање и ама баш по све ни претураат, на еден дебел Амер у ред до мене онака значајно му ја префаќаат еуропската classy порнографија шо си ја спакуел (тогаш уше се потпиравме на папир), мене не ми даваат да си однесам дома некои скупи белгиски чоколатца, демек ко бонус у Енглеска има и шап и лигавка и не смее да се изнесуе храна, џабе ја се џавкам дека чоколатцата се белгиски, они не даваат, да сум ги остаела за у старачки дом. Како не бе! Отварам таму на лице место и ги ждерам и им ги делам на сите чекачи у ред, кои по првично снебивање се вратија и по репете.

Е, ал после си го открив талентот да свиркам у тоа направијата на која више се навикнавме, иако мене до ден денес црева ми превртуе, па си почекуем да дојде жандарка да ме испофаќка солидно, чак и веома безобразно, да не сум напикала бомба знаете веќе каде. И така у различни варијации у задњиве дваесетина години се вежбам у см'кињање алишта и кондури, проширени интервјуа, ширење ноги со руки уза зид, иако сеа само тоа остана ко кус маневар у оној стакленион рентген, технологија узнапредовала, ал зато сеа и војс рекогнишн два пути ми праеја. Еј, а ко ќе ми текне дека у сите веома различити земји кај шо странствуев, луѓе по улица ме застануеја да ме прашаат за нешо на нивниот домашен мајчин јазик, а ја само дигам рамења, нисам одавде. Ме убедуваа дека е така пошо фацава ми побудуела поверење. Е па, аеродромски џандари не мислат така.


А тоа аеродромско искуство стануеше уше полошо дур пушев и попиздуцкуев за цигара. Едно време по некои аеродроми уше имаше по едно просторивче за пушачи, онакво гн'сно со прогорено теписонче и препуни пепељари, десет класи поружно од шо и да е на аеродромот, кај шо ја тегнеш тоа цигарката со уше куп други јадници ко сеа да ќе дојде камион да ве собере да копате негде канализација ил' нива, свеједно. А пред некоја година на љубљански аеродром се упознав со новата хај-тек опција, се убутуеш сам у стаклена кабина со аспиратор толку јак шо мислиш косата ти ја дига и ја чуриш тоа цигарата и стаклениот кафез ко некој мајмун у зоолошка дур поред тебе проаѓа освестена миленијална раја со ситна дечица шо сите заедно се на ниет да праат „доживети стоту” и те прострелуе со поглед од кој кипти неодобравање.

But those smoking days are over, а изглеа и тие на либерал демокрасиз, ко шо тугуе Иги. Отац покојни, фала богу више не се ни качи на авион од ко престана да се пуши у него. Бар уше се пие, иако атмосферата ретко дозвољава да се опраиш со тие унучињата ко еден ортак на стариот на враќање од меџународна конференција, па на искачање да почнеш да мафтуцкаш ко Тито пред да стрмекнеш по тоа алуминиумските скали до доле и да си ја расцветаш глаата толку солидно за тоа да побаруе месец дена боловање. Сеа најверојатно би добил отказ.

А у баш у тоа гн'сното либерално време отац имаше една невероватна авијациско пушачка анегдотица баш баш у нелибералниот СССР од сите могуќи места. Он ја имаше таа чест да путуе и на локални летови до Кавказ, заедно со бали вуна на седиште и кафефчиња со кокошки, отко стјуардот, (нема стјуардеси), со жица ќе ја призаврзе вратата, пошо не се затвара баш најбоље.

Ал анегдотава е од лет Београд до Москва, кај шо стариов се захефтал на искачање од авион за некоја руска политичка делегација за побрзо да пројде и да запали цигара, па толку лесно прошол и се зауживал у цигарата шо не приметил дека никој пасош не му запечатирал заедно со руските ВИП-ови. Е, ама на враќање, милицајац му отвара пасош и одма почнуе да се поти, па повикуе надреден, која шо е уствари надредена, униформисана, куса ал набиена, па така не би можело да се каже, ко трокрилни шифоњер, него више, така, ко комода со фиоки, ал со убитачен поглед, кој без збор го одведуе стариов мој, сув и притресен ко трска, у нејзина канцеларија, кај шо он одма и' се исповеда, благо подусран, за све, укључујуќи и за пропустот на влагање. Типкава ја разрешуе бирократскава заврзлама со могуќи затворски последици и за отац и за неа ко со Дамоклов мач, и му вика на стариов „ви в Москви даже не били”, па го спроведуе по некој задни ходничиња и го качуе право у авион кај шо стариов си запалуе цигара со олакшањце.

А ја цигара сум запалила само на лет до Сарајево у оние југославенски неглобализирани времиња коа имаше еден лет од Скопје до Сарајево и најпоследно на лет на Ројал Ер Марок за Рабат кај шо заминав на моето прво гастарбајтерско странствување, ал за тоа у наредна прилика.

Underworld & Iggy Pop Bells & Circles Listen here: Underworld:

Слики: Zander Bice

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото