1015 hPa
24 %
33 °C
Скопје - Вто, 08.09.2026 17:40
Глужд на глужд.
Камен врз камен.
Камена шума
изѕемнина.
Глужд на глужд.
Камен врз камен,
од камен и ние обата.
Чади ноќта.
Зборот се двои од темнината.
Модар јаглен му гори во утробата.
О ти што постоиш зашто не постоиш
небото го лулаш,
земјата ја вртиш.
О ти што постоиш зашто не постоиш
небото го лулаш,
земјата ја вртиш.
О ти што постоиш зашто не постоиш
земјата јачи под камени плочници.
Иде замелушен од своите смрти
зборот што ги руши сите слепоочници.