Наќе Чулев е портпарол на МВР?

20.04.2020 22:18

Наќе Чулев се огласил на својот фб профил за случајот со лишувањето од слобода на детето со миленик, известувајќи ја јавноста дека случајот ќе го разгледува Секторот за внатрешна контрола.

Сè тоа фино, нели, ама каде е неговата контрола како технички министер од аспект на однесувањето на полициските службеници и почитувањето на препораките за заштита од вирусот? Не го изнесува својот став, само известува дека ќе се постапува од страна на СВКПС? Тој е портпарол на МВР?

Инаку, кога веќе видовме како полициските службеници на терен ги „почитуваат“ препораките, не е лошо да нè извести и за бројот на заболени полициски службеници и за бројот на оние во изолација.

Уранија Пировска, Фејсбук, 20.04.20.