Панграм #3: пристигнаа 135 панграми од 35 автор(к)и

21.04.2020 19:30
Панграм #3: пристигнаа 129 панграми од 34 автор(к)и

На третиот конкурс за најдобар панграм на Окно пристигнаа вкупно 135 панграми од 35 автор(к)и. Од нив 10 беа отфрлени бидејќи не го исполнуваа условот да ги содржат сите букви од азбуката.

На конкурсот свои дела испратија: Едвин Омерагиќ, Маја Спасовска, Мартин Трајковски, Сања Нечовска, Андријана Ади Колевска, Мишо Спасовски, Наталија Наумовска, Виктор Закар, Елена Накова, Биљана Димо, Томислав Лазаревски, Кристијан Милковски, Ивана Атанасова, Јована Матевска Атанасова, Емилија Карафилоска, Марија Трпковска, Ирена Барамачева, Марина Додевска, Фанија Макешоска, Елеонора Николовска, Лидија Митоска, Милена Стојановска, Васил Карев, Душко Зафировски, Дарко Ставрев, Азра Муриќ, Бојан Лазаревски, Глигор Кондовски, Марија Пеликон, Марија Крстевска, Нове Богојевски, Елена Антониевиќ, Новица Наков, Сара Китаноска, Натали Велеска и Бранко Прља.

Многу ви благодариме, драги и почитувани учесници и учеснички на конкурсот, што помагате да се развиваат и популаризираат и вакви не толку вообичаени книжевни и креативни форми.

Во следниве три дена, во три продолженија, ќе ги објавиме сите пристигнати дела.

Најдобро оценетите панграми ќе ги објавиме на 24 април на Окно.

Денес ги објавуваме делата на 12 автор(к)и.


Биљана Димо

1. Џунгла: жарка љубов раѓа феникс од пеплиште, дење херој молчалив - ѕвездацвеќе (64)

 

Јована Матевска Атанасова

1. Хаику! Ѕевгар мошус ждери, џапа, ѓоа на нејќење латица зоби,челуст љуби парфем.(63)

2. Ќос и жерав на тељ зелје ѕупат, хушкаат џимрија шлука, гњави даб, глеѓ четка со цефка. (67)

3. Младожења Зајко љубичица со шепа рони, ќејф в грло ‘рчи, ах џелате, ѓаол те ѕвекнал. (66)

4. Женидба: пајдушко ил куцано, нејќам џајв, Рахмањихов, низ ѓергеф, прстен, ѕиркач на љуба. (70)

5. Љубов фаќа штафета, па некој вечно цмиздри, гњави жили и саѓи, ѕемне и џихади. (61)

6. Рофја в коприви се џитна, куршлуз, врбуњак жари и хмељ чади, ќаба гаси ѕуница со ѓум. (66)

7. Душогрижец Бах ф’стак ќе џвака, мљац, Њутн јанѕа по ѓомлезе го пече. (54)

8. Ламфер ко ќор ут, пион дружељубец гази, сајла ванѓа, коњче џигер му ѕрцна. Шах. (61)

9. Речник по Зозе, Блаже кодифицира: ѕид ‘рѓа, враг ќути, хаџија милостиња љуби. АШ! (63)

10. Његошова љубим-муза-гоблен цвеќе, Петар диктафонџија ѕуни, СХС жури ѓурѓовденче. (67)

11. Д-р Џајков рубља за ж’та плаќа, меѓу дињи ѕврцнат чека, цех шир ко фарингс. (58)

12. Лихтенштајн и Пехчево, жизнерадост љубат, граѓани фаќаат џева, и комарец и молња.Ѕе! (68)

13. Љубов ич не ежи, среќата е шмизла џабе, селф-нихилизирање јад гаѓа, копче Ѕвони ми цркна. (70)

14. Tих ум дење ќосави, жолч в лој базди, грд ѓакон Љапе фаца вџаши. Заѕвездува...

 

Томислав Лазаревски

1. Ѕверка љута ноќум хара. За крв жедна њуши плен. Го дофати, канџа севна. Паѓа, цвичи, Али беј. (70)

2. Жални звуци. В ќош, меѓу ѕид и џбуње, мачор си мљацка глувче напатено. Ќејф? Хир? Глад! (63)

3. Ќе чуеш женици кај здушно хорски фалби пеат. Го љубат мажот-џин ѓоа светиња, а ѕвер е. (67)

4. Ноќна доба. Глушец цвили, џавка пес. С’ска змија. Љут ѕвер ’ржи. Фрчат коњи... Ѓоа хор. (64)

5. Беља. Дење, ноќе вирус харпија напаѓа. Циничен клет ѕвер, без грижа, на смрт шеф е. Џенем бе! (70)

6. Хит чин. Ќор жрец се пењави, фолира. Докрај зашеметен буљук луѓе ѕури, џагори. (61)

7. Љуби жени, коњи, ѓезме... У кафана џумбуш сака. Ќејф тера - цех плаќа. Ѕверка човек, горд сој. (68)

8. Љубек, грдосија маж, шегач, чисти оџаци. Врзан за ѕид ќе фолира паѓање - хаос. (59)

9. Мега сцена: човек и жена. Ноќ, ѕвезди, џез, флерт, љубов... Па очај, паѓање, лош крај. Без утеха. (68)

 

Кристијан Милковски

1. Ѓаолски џез-жур црна душа ќејф, тих ѕвездољуб бог и молњи плач. (50)

2. Брз кус маж, ѓоа ѕид херој чиниш, молња в гради фаќа, птица џин љуби. (52)

3. Ах боже ќеиф, купчиња ѕвезди, беља црн срт, ѓаоли џган-шлајм. (47)


Марија Крстевска

1. Желен сум за грст љубов, њоки, ѓезве чај, харфа, цел ден ќеф и џева што ѕид пробива. (63)

 

Елена Накова

1. Љубе ѕемне гол на цибрина, празната плоска ја фаќа-држ' се храбро, доаѓа џиш дуњовача.(69)

 

Азра Муриќ

1. Љубов дење и ноќе, жар од очите цветни, ѕвечки низ глава, велиш фин дух, маѓепсан аџија. (68)

 

Сања Нечовска

1. Човек љуби,паѓа во храм, јасно цути со ќеф, жешко лази по ѕид и ко пргав коњ се џари. (64)

2. Моќ на шах, љуби релјеф на потег за жед, ѕвечка срце ко паѓање на џам. (53)

3. Шарање љубов со цртеж на ѕвезди и ѓон од челик ко џихад фаќа голем спој. (57)

4. Прифаќање мост на вљубени херци, доаѓаш ко јанѕа, џабе железо грчи. (54)

 

Емилија Карафилоска

1. Тихо љубење гол маж со ѓезве чај под рака и џиш ќеиф-ѕуница. (47)

 

Маја Спасовска

1. Зима, џагор на деца, фрлање топки. Столе набљудувајќи рече: Ех, Анѓо, жено, дај ѕиври и шал! (69)

2. Чедото што е ѓубре во афект, жалејќи потем со гаење љубов е лице за восхит, џин, не ѕвер. (68)

3. Ѓубреџијата има хоби цртање пејзажи, штом четка фати ќе наслика ѕевгар до детаљ. (66)

4. Лепчиња, џин, рок музика. Ѕвони домофон. Туѓиот глас жалејќи: Те љубам. Јас: Ах, доцниш! (66)

5. Љубимец в скут, чади оџак, храна, ѓезве кафе. Се ѕвериш во ајфон желен за праќање панграм. (70)

 

Мартин Трајковски

1. Ќор коњ со паларија и ѕвечкав ѓердан свири бош фолк-џез сред цутеж хмељ и јаглики. (66)
Новица Наков

2. Желката Љуба музицира на харфа читајќи го Његош, а песот Ѓоше се џари во ѕвезди. (64)

(Другите автори ќе го објавиме во среда и четврток, а победниците во петок)


Слики: JOHANNA TAGADA

Слични содржини

Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото