„Quarantine“- краток анимиран филм

25.04.20 11:37

„Пригушувањето на надворешниот шум поради изолацијата ни дава доволно тишина за да почнеме да го слушаме нашиот внатрешен глас. Здраво, мило ми е што те запознав“, е описот на „Quarantine“, краткометражен анимиран филм изработен и продуциран од македонско-австралиското студио за анимација „3-Block Studio“.

Изработен во рок од десет дена, комплетно од карантин, зад филмот стои петчлена екипа. „Quarantine“ ја обработува приказната на Јакоб Ниланд, Михаил Наумов, Бубо Саздовски и Иван Андреевски, кој исто така е режисер и автор на сценариото. Дизајнот е на Наумов и Саздовски, кој е одговорен и за моделирање, материјали и осветлување. Монтажата, анимацијата и карактер дизајнот се на Наумов, а Андреевски стои зад звучниот дизајн. Музиката е на Владимир Петковиќ, надворешен соработник на „3-Block“.

„Од креативна страна пробавме да доловиме како секој од нас би се справил со ваков застој на секојдневиот ритам во кој живееме, а од техничка страна се обидовме да претставиме традиционална техника на анимирање, како „Stop Motion“, (која се работи практично, со физички кукли и фотоапарти), преку дигиталните алатки и 3D анимацијата, објаснуваат од студиото.

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото