Време е за станување!

26.04.2020 18:48

Сите мислат дека
времето в шума чека,
не минува,
на зелено не поминува.
Сите мислат дека
покрај длабоката река,
или плиткиот поток
сите уживаат, пијат сок,
слушаат птици
и мезат пици,
но, како и луѓето двоножни,
така и животните четириножни,
и оние в стадо и оние в јато
работат за сметки да платат.
Слонот има ресторан,
дабарот скротува бран,
птиците проверуваат жици,
а овците се вешти со ножици.
Кучињата улици мерат,
гнуата автомобили перат,
лисицата е наставничка,
а мајмунот има бакалница.
Но, работат кога ќе им текне,
приходот кога ќе им секне,
кога ќе се заморат од сонување
– време е за станување!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото