Флоралии

27.04.2020 11:09
Флоралии

На денешен ден во стариот Рим почнувале Флоралиите (лат. Floralia) - игри во чест на Флора, божицата на цвеќињата, вегетацијата и плодноста. Флора, на македонски Цвета (од flos ‘цвет), е многу древно италско божество, едно од најстарите во римската религија.

На Флоралиите се прикажувале театарски претстави - комедии и мимови, се одржувале ритуални трки со зајци и кози и гладијаторски претстави во кои жени, како од мајка родени, танцувале и се бореле. Шест дена, колку што траеле Флоралиите, насекаде низ Рим летале зрна грашок и грав, кои се сметале за симбол на плодноста. Светониј пишува дека во 30 год. н.е., кога идниот император Галба бил претор, за време на Флоралиите била приредена дотогаш невидена претстава - слонови што одат по жица.

Слика: Нилола Пусан, „Триумфот на Флора“ (1627/28 г.), Лувр, Париз

 

Слични содржини

Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Култура / Историја
Историја

ОкоБоли главаВицФото