Curfew song (6)

27.04.2020 11:38
Curfew song (6)

Вчера тргнав да пишам, ама прекинав и баталив оти се осеќав така малце надрндано, па не ми се ширеше такво нешто. Ал ипак, нешо од то ќе укомпонираме и у денешново.

Денес видов малце сунце, ама на нашето скришно место кај шо сесре нè носи со внучко за да бидеме сасвим сами, а тоа отко беше да ни купуе лапачка на сите, хинт, хинт, у осум сабајле немало толку гужви, а така и ќе ги поштедуете пензионерите од ваше цењено мрчаторско присуство, па после отиде по банки да крпари финансиска ситуација по втор пут, отко држава ги одјеба првиот, да проба фирма да ѝ преживее кризава и да не изгубат работа и она и колегите, па се врна по мајкица да ја однесе на зрачење у нејзиното двосатно прозорче за понадвор и да ја врати, па да ја истушира и да ѝ праи и други некои такви полумедицински работи за кои сум ја токмак (мене ми е обврска само манџи праење и понекад судови прање, глупирање со внучко и превод коа мозак ми е онака, бар осредно, присутен у череп, и, да, баш сум педерче у ситуацијава) па после да нè истресе со внучко у прозорчето време шо го има он за понадвор, па да иде у централен регистар, па да не собере назад (и да ни каже дека е тутма раја по Илинденска и накај парк) и да ми признае дека по малце едвај го чека тој цајканскиот викенд за да ја домлати прашина од књиги од библиотека као стрес рилис и да се зазева у некој филм или серија.

А што се тиче надрнданоста у први пасус, некако ептен ми се надигнуеше неделава ваљда због општата атмосфера на линч и лов на вештици, шуќур шо мора да се праи тоа од удобното заробљеништво на топлиот дом, па само некои најинспирирани идат да кршат џамови по туѓи куќи, на оние шо им се дрзнале да се заразат, рестово накурчени ќе се светат овоме ил' ономе ко ќе пројдело све, ако памтат уше, ама ја, ко дебело средовечно тетке, исто така се најдов испровоцирана и од некои од намножениве душебрижници за лајкове, посебно коа у потрага по тема стасаа на крај и до она, ете, сеа седите дома за да вијте малкуфка како им е на „изексплоатисана женска раја шо ринта домаќинлучки без пари”. Е па, некако иам утисак дека тој дотичниот слој од пучанство што онака „мучки и педерски” уште ги одржава балканскиве и шире адрвајз рикнати општества у живот, на чело со оние ружњикави комплексаши шо им изиграваат вождови, со тоа шо бесплатно ги испуњава оние и за трулион запад „прескупи” соушал сервисес, фамилијарно бришејќи небројени бебеќи и старачки муциња и г'зои низ годините, по сите полунапуштени урбани и рурални селендри, а и други меѓутим илити ин битвин активности, једва чека сажаљиво да си напраите фрирајд и на нивни рачун.

Мрзам ко сум вака скиснуто саркастична, потсмрднуе на јаловост. Ал еве го сеа у видно поље ми улетуе внучко легнат на скејтборд со јастуче под брада, а му се најдуе и за да му го потпре смартфонот од мајка у кој шо буљи у нешо, а ноџињата му служат ко пропелери, готово, одлета и го однесе мојто мрчаторство.

Значи се пребацуеме на една друга, поинспиративна, па и така, такореќи карантински заробена, женска прикаска што едно вукојебинско местенце у Клајн Кару илити Little Karoo (при шо Кару значи полупустиња) у Јужната Африка со библиско име Nieu Bethesda го има стаено по туристички карти и мање-више одржано у живот.

Бетезда е селце со Дач реформд црквурина (една од оние немтурските религиозни афилијации со гвозден стисак) и 20 куќички на некои 40 км од Граф Реинет, центарот на Литл Кару у Источен Кејп и еден од 4-ите најстари градои у ЈАР, заедно со Кејптаун, Стеленбош (шминкерско/лозарски-винарски) и Свелендам (близу до кој и поживеавме, можда затоа и ми беше веома симпа заспано 18-вековно гратче среде зеленило, ко од бајкици, и со детево си го викавме Свелендам-Твидлди-Твидлдам, пошо возраста ни беше таман за Алиса, а богами и опкружењето ни се погоде).

Е па, околината на Граф Реинет ни од далеку не беше толку зелена, пошо е од другата страна на планинскиот венец Свартберг на чиишто водни и зелени падини живуевме ние, а се стасуеше до него преку планинскиот превој Алберт Пас, нешо најимпресивно и страшничко шо ја сум видела, у дупката депресиска спљескана и огромна шо оксиморонски ја викаат Мало Кару (све у то Африката е огромателно за нас од прцулските еуропски и вонаби еуропски државчиња) иако коа путуеш бесконачно низ тоа пустињата обрасната со алое и некои други такви лековити или отровни трња и змиишта по ко стрела правиот пут на секои 30км има гребаници у асфалтот да не заспиеш и да се сецнеш.

Граф Реинет е местото од кај шо беливе Африканери тргнале угоре по Натал (денес Квазулу Натал) на својот Грејт Трек. И една ствар укапирав, дека на овие „Вортрекериве” сите оние каубојци и сетлери за време Westward Expansion у Америката, можат само вода да им носат и покрај споделената религиозно инспирирана верба у „манифест дестини”. Овие другиве додуша го имале Холивуд да ги митологизира, а првиве испаднаа толку хард и хардкор шо и на бритишерска империја им требало малце поише време да војува со нив у Бурските ратови, чак и концентрациони логори да измисли за да ги супраи, а и за идно поефикасно исползување од страна на цивилизованово човечанство, за на крај, овие бели грамадни Африканери, заедно со империјалистиве со кои еднаш се тепаа, да се избрукаат прописно со апартхејдот, чии лузни и до ден денес печат.

Једини други шо ги нафљускале Бритишери у овој дел на светов се Зулу, пошо им налетале коа онака фино биле у залет од север на југ, бесомучно млатејќи ги своите собраќа по пут и крадејќи им кравите. Е па они баш им се погодиле ко спаринг партнери на Вортрекериве, со кои се тепале за тоа кравите и испашата, так нормално, ко лавои и остало звериње да не биле доста. У тоа куќите музеи у Граф Реинет (иначе и место со највише споменици у ЈАР) шеташ по тоа дворот и шталите со сламени покриви и налетуеш на железни замки за лафои, нааа оволики, одрасли чоек да го цвикнат на пола.

Па после влегуеш унутра у куќа у женското царство (фала богу се вративме од бекграунд назад до темава) кај шо е нема лавои и змии, ал не значи дека си баш на безбедно, пошо зелените тапети, задњи крик моде у викторијанска времена и знак за статус у животов, искамчени од муж по баснословна цена, оти м'кнати со брод од уџум еуропски, док се праиш госпојца и сркаш чај с другарицама у тапетираниот салон, у оној кратак предах од раѓања и ринтање, уствари те трујат, испуштајќи арсеник од тоа зелената боја, а ти после ко ќе ти испопадаат зуби или шо е да е, си го објаснуеш тоа со некоја тековна бабина деветина, еквивалент на садашњиве алуминиуми и 5G. Хинт, хинт, привардујте и вие колку хемија дишете по дома со ова бесомучно дезинфицирање.

Значи, врз овој епски бекграунд се појавуе Хелен Елизабет Мартенс од Бетезда, при крај на 19 век, а после први свецки стануе учитељица и се мужи за учитељ со кого предаваат по цела замља. Ал се испоставуе дека бракот бил несреќен (неофицијално муж ја млател) и Хелен се враќа у селендра Бетезда кај шо ја испунуе уобичаената судбина на уседелици, удоици и разведени за она време, па и сад, и ги исчувуе ко „бесплатен” слуга мајка и татко едно три децении, иако се у земља кај шо слуги се изузетно јефтини.

Нејсе, испоумруат и они и ѝ ја оставаат на Хелен куќата пошо остануе сама сироче без оца и мајке и она решава, више ко високо средовечна, коначно да си пушти душа и почнуе да ја преправуе куќава по свом нахоѓењу, а кое шо нахоѓење уопште не било „ком ил фо”, него го отсликуело богатиот унутрашњи ќакнут свет на Хелен формисан врз основа на бескрајно читање на Библија ко добра протестантска цура, ал и на поезијата на Вилјем Блејк и Омар Хајам.

У почетку е послушна па си седи затворена дома и дроби стакло до зрнца и прах и го облепуе у разни бои по сите соби и ги претвора у некои свои светови „зад огледалото”, иако ситните стаклени откршеници на крај ќе ѝ го сјебат видот.

После се осоколуе и искача и у двор и почнуе да лие скулптури у бетон, многу буфои и утки, по кои сеа главната атракција ради која се потрошуат уше тие пеестина километри после стотиците и стотици до Граф Реинет и се вика The Owl House. После следат поголеми парчиња, камили, пророци, птици... организирани у цели мизансцени, ал за тоа ѝ треба помоќник, кого наоѓа у Коос Малгас, кој шо бил „обоен” и за кој шо со згражавање ја оговарале дека ѝ е дечко у јек на оној апартхејдон, па уше и тврделе дека и на останатите обоени им давала алкохол, а шо им е главниот порок на јадниве, значи генерално лош и корумпирајќи утицај, ал пошо више 20 век не може да ја палат на клада ко матора вештица, иако такореќи од двор не излегла у тоа Новата Бетезда богу иза трегера. 

 

Слепа и болна 1976 испива жива сода и ѝ става крај на својата прича, поново по свом нахоѓењу и влегува у легендите.

 

 

 

 

Подолу ствар на една друга легенда кој ја има таа ретка част да биде „северџан” од Ирска, а и ко-љубител на Блејк, поетот споменут у демек најбољата композиција на Ван, од овој албум со невероватните ирски вулфхаунди на омот, ал за да не ви се види прекомплицирано досадно од седумдести и дејтед, ќе ви стаам друга, Comfort You, од истиот албум, шо му е омилена на Ник Кејв, пошо, нели, можда иам чудни сфаќања за тоа шо е утешно.

На фотографиите се делата на скулпторката Helen Elizabeth Martins (1897-1976)

Van Morrison, Comfort You

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото