Животни во градот

27.04.20 13:06

Да се види  џиновски ракун како ги мие шепите во река, во Санкт Петербург, или октопод како излегува од градскиот автобус би било сосема неверојатна глетка за жителите на градот. Но, уметникот Вадим Соловјов (Vadim Solovyov) овие надреални сцени со животни ги сместува во големите руски градови.

Соловјов иронично вели дека ја започнал серијата на необичните фото - колажи како начин да ги истражи чудните настани во неговиот реален живот. 

„Преку мојата работа, јас често пренесувам на прикриен (а понекогаш и чуден) начин, прашања или проблеми од општеството кои за мене се исклучително важни (ставот кон животните, политиката, социјалните недостатоци). Но, ова, се разбира, не исклучува фактот дека некои дела се иронична „визуелна игра“ без дополнителни длабоки значења“, вели Соловјов.

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото