Настап на Handsome Furs и Девојка

25.11.2010 11:29
Handsome Furs

Младинскиот Културен Центар и Канал 103 со гордост ви го најавуваат концертот на електронското инди-рок дуо Handsome Furs кое доаѓа од Монтреал, Канада.Воедно, за прв пат пред македонската публика во живо ќе се претстави Девојка со свој придружен бенд.

Концертот е закажан за 06.12.2010 во МКЦ со почеток во 21:00, влезниците чинат 200 денари.


Handsome Furs не е бенд кој пренесува порака и не е бенд кој е политички, но Handsome Furs е бенд кој пренесува порака и е политички бенд.

Составен од брачниот пар Дан Бекнер (гитарист и пеач на Wolf Parade) и Алекси Пери, Handsome Furs се комбинација на ладни метрономски ритмови сопственост на Алексеј Пери со острите, нехармонично кревки и кршливо прекршени гитари на Ден Бекнер. Нивното дело е портет на она што се нарекува човек на 21-от век. Ја истакнуваат конфузијата која ја чуствуваш кога твоите најдобри пријатели комуницираат со тебе преку серија од нули и единици кои проаѓаат низ кабли; истата таа конфузија која ја чуствуваш кога со чиста, целосна возбуда гледаш музичари како си ги отвораат душите на сцена на видео во многу пиксели на мобилен телефон; длабоката и горка фрустрација од твојата врска на далечина во утро на алкохолизирано изгрејсонце кога признаваш работи кои никогаш инаку не би ги признал; твоето чуство на нееднаковост помешано со омнипотентноста на модерната технологија која гарантира сè. Ти си таму, но сепак и не си. Исто како што сме сите и не сме.

Препуштени сте на на ритмички и моќно програмирани ритмови прекинати од топлите, одѕунувачки тонови на вибрирачки жици на дрво удрени доволно силно за да разнесат облакодери. Над сè, совршено несовршен глас кој извикува пејсажи, мапи на заборавени континенти полни со историја, сето комбинирано за да се почуствуваш повторно како жив човек, со широко отворени очи каков што и треба да бидеш секој ден.

Handsome Furs досега имаат издадено 2 албума: Plague Park во 2007 и Face Control во 2009 за култната SUB POP етикета (Nirvana, Mudhoney, Mogwai, No Age, SST, Foals….)

http://handsomefurs.com/
http://www.subpop.com/artists/handsome_furs

Зад псевдонимот Девојка се крие музиката на младата и талентирана Билјана Мирковски, која живее, сонува и создава на релација Македонија - Америка/ Скопје – Калифорнија.

Нејзинaта музика е карактеристична по интимистичкиот lo-fi пристап и сонувачката атмосфера во кои ненаметливо доаѓа до израз специфичниот
женски вокал. Се работи за една од најинтересните нови појави на македонската музичка сцена. Нејзините песни Landscapes и High Tide за кратко време
го привлекоа вниманието на слушателската публика на Канал 103 каде што неодамна се претстави и со свој радио концерт. Зад себе има повеќе настапи во Америка како и соработки со музичари од локалната калифорниска сцена.

http://myspace.com/devojkamusic

Оваа соработка помеѓу МКЦ и Канал 103 произлегува од потребата за здружено и поорганизирано развивање на локалната музичка и културна сцена.

ОкоБоли главаВицФото