Да ја стопирате оваа измена веднаш!

29.04.2020 11:56

Два дена пред Први мај, Министерката за финансии објавува дека фирмите кои добиле државна поддршка за надминување на кризава ќе можат да отпуштат до 15% од своите вработени, односно, дека десетици илјади луѓе ќе можат да останат на улица и да паднат во сиромаштија!

Јас знам дека на министеркава за финансии не ѝ е ич гајле за работниците, дека на нив гледа како потрошна роба. Ама кај сте вие другите од Влада, другарки и другари социјал-демократи? Како можете вие да дозволите вакво нешто? Со кој образ после ова ќе искочите и ќе зборите за работниците и сиромашните?

Да ја стопирате оваа измена веднаш, и да си ја смирите министеркава, инаку немојте да ги очекувате гласовите на работниците, сиромашните и сите кои се грижат за нив на претстоечките избори!

Бранимир Јовановиќ, Фејсбук, 29.04.20.