Смешно е правдањево на Министерката за финансии

30.04.2020 21:11

Смешно е правдањево на Министерката за финансии, дека морало да се дозволи мало отпуштање работници, за фирмите да се мотивирале да аплицираат за државната помош, зашто без тоа немале да аплицираат и ќе отпуштеле уште повеќе.

Многу е едноставно. Ако сакате да нема отпуштања, донесете уредба со која ќе забраните отпуштања. Тогаш да видите како сите фирми одма ќе аплицираат за помош.

И не, не е ова радикално левичарење во услови на криза. Ова е здрав разум. Најлошото нешто што може да се случи при една криза е да има отпуштања на луѓе, зашто тие луѓе не можат лесно да најдат друга работа, што значи дека цели семејства ќе тонат во сиромаштија, што после ќе значи и намалена потрошувачка во економијата, и повторно отпуштања, повторно сиромаштија.... Ако еднаш се отвори тој „злобен“ круг, тешко се запира.

Затоа мора да се спречи да дојде до тоа. И може да се спречи, ако се има здрав разум.

Бранимир Јовановиќ, Фејсбук, 29.04.20.