Curfew song (7 & 8)

02.05.2020 11:06
Curfew song (7 & 8)

 Curfew song (7)

Нишо не ми се збори, само ми се праи све шо не смеам. Отидов да се одземам.

 Lust for Life - Prodigy Remix T2 Soundtrack

Curfew song (8)

Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога;
кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов...Во љубовта страв нема, а совршената љубов го пади стравот, бидејќи стравот има мака. Кој се бои, не е совршен во љубовта.

Св. Апостол Јован (наводно) официјален македонски црковен превод

Religion is based primarily and mainly upon fear. It is partly the terror of the unknown and partly the wish to feel that you have a kind of elder brother who will stand by you in all your troubles and disputes. Fear is the basis of the whole thing – fear of the mysterious, fear of defeat, fear of death. Fear is the parent of cruelty, and therefore it is no wonder if cruelty and religion have gone hand in hand. It is because fear is at the basis of those two things.

Бертранд Расел (сто посто) у оригинал од 'Why I am not a Christian'

Ај сеа брже-боље да се спуштиме од цитатолошки узвисини у поприземни сфери на ежедневново чмаење, кај шо деноиве ни се падна ради празници од религиозна провениенција да се препрааме дека све ни е јасно по горенаведениве муабети, а оно углавном трта, вуна, уплав, бато, понекад прикривени или затскриени зад досада или нервоза, а кај некои поамбициозни, богами, и жеља да се будне пророк и у своме селу, ако пословица кажуе другачие, а и селово сеа едно олкао нааа, глобално.
Последниве два-три дена и ја имав страф за суправуење, онаков никакав уњкав глодачки шо те праи да се осеќаш затечен, глуп и ситен и немоќен (нисам овако планирао), ил можда религиозен? у очите на чика Бертранд, а и според многу од нашиве верници, кои тврдат дека демек ко ќе те ти се смрзне говно од страх одма ти се материјализируе вера у Бог, значи еден таков полушугањански страх од смрти, и то за мајкица, а посредно и за сестра, па и за мене, пошо сме сите мање-више килави ин д фејс оф д фекин корона.

Ал наместо да зеам да се молам, ја му се јавив на Alek Atevik да ме утеши ко физичар (пошо на нас атеисти/агностици, наука, ил она шо ни личи на наука, ни замењава вера) кој работи ко ртт на Онкологија, за да се отсекираме малце шо има заразен кадар и таму и по пут на питања и одговори стасавме и до тоа дека мајкица добија супер радиолошка услуга, а ако ептен се зговњави стварта со короната, навремено ќе дознаеме, а у меѓувреме мора и малце и шизик на статистички ризик.

Денес малце поише досадно, ал вчера имаше дешавки за кои ќе дрфкам, ал синоќа некако не ми се пишуеше, иако му се мислев после зјапањето, од осум до осум и пол, у кучкарите и нивните џукци доле у кучкарски парк под прозор, тоа дека развијаме нови карантинско-балконски рутини, а ми фали и деда Бен, исто колку и детенцето кое сеа подугачко не сум го видела неголи ко беше у Глазгов на школо, а ја идев ѕр-вр, вамо-тамо, одовде-донде, и си ги пичкав тешко запечалените јефтини пари у Македоњава по трули и скуп запад, значи се мислев да му ја седнам уше сношти, ал сестра ме викна пак на балкон, па после се запивме и орално си ги изредивме настаните на денот, кои пак, мање више ни се видоа сите смешни (добра оваа „пајовачава”!)

А ме викна на балкон да го слушаме „ќукот”. Тоа ви е она минијатурното вонаби буфче од 10 сантима, ал со истиот оној напуван, зафокусисан и избечен опул ко голема утка, шо испушта по едно „туууут” ил' „ќуууук” у рамномерни временски интервали. Е сеа, пошо мртва тишина, тоа тууут се слуша сосе триплиот одек док се одбива од разните градски зградурини, па ја натера сестра да искоментира: „ко подморнички сонар, јеботе!” Мајка ми ич не ги сака ќукчињата, пошо кај нив у фамилија бабината деветина кажуела дека они најавуат смрт, ко некоја натурална ковид апликација ваљда.

После ко се прибравме у кујна на ракивче и мезе си се клиберевме на јадните наши дневни настани и опсервации, ал' шта ќеш, дај шта даш, к'тни времиња. Сестра рано посабајле појде да купи розе пастрмка кај дебелите весели рибар(к)и и со описот на типката што чекала пред неа у редот надвор од дуќан се придружи на новиот книжевен поджанр што надоаѓа: опиши го сочекачот у ред. Типкава помлада и од нас двете, сваки две секунди трчкарала те улево те удесно за да ги избегне пролазниците на Партизанска на безбедна удаљеност дур чекале у тоа редот, е богами, се изнатрчкарала, а и со тоа количката за пазар тандркала зад себе, ваљда и она да не се зарази, ал важно била саодветно опремљена со тренерки задњи крик моде. Ипак, она што ѝ го приковало сеирџискиов поглед на сесре, поред тоа тандркавата фискултура, било белото ташниче, од оние со мали ручкичиња, довољни да протнеш рука, па ја свиткуеш у лакт и ти остануе така удрвена и укочена за вјек и вјеков, нешо исто ко коа наши баби коа послератно почнале једва-једва да се поддотеруат у пеести и чантулето под обавезно преку скрстена рукица и некој шугав кармин на уста, сеа ова ко некој ташнеријумски ривајвл ваљда, нама сестрама подједнако безвезан, значи падна хехенце.

После ја гласно се потсетив дека тоа шо се разготвив рано посабајлечки неколку јадења за денес-утре пошо бевме договорени да нè земат со унуче да трчкара низ двориште поред Треска у сарајски вилајет у рамки на излазакот шо го има малолетниов „кмишодер”, ко шо си го викам ја, и за да не рикнат некои од тоа зелењавите шо сестра ги беше купила уше у вторник за да не се гнете после у толку узљубените гужванции на Македонацот, мора да се задесило за да ми се освети богот на иронијата пошо баш пред некој ден ги испооговаравме тетките шо пржат кромид у 8 сабајле под пост на Marina Kostova, иако ја не пржев кромид, чак ни за тоа бостанскиот посен граф у кој и кромид и пипер и патлиџан се варат топтан сосе графот, а тоа за да му учиниме бар минимална генуфлекција на Велиот Петок, бар за ручек, иако мајкица мрчеше, ко соодветен потомок на нејната српска мајкица, чијшто коментар за изгладнивањата од религиски происход беше: „Важније је шта ти на уста излази, а не шта улази”.

А да, да си се пофалам, после разготвуењево, за прв пут стаив и маска на фаца (и мене ко и на други ми се растече нос, настрана шо се подавив, а и маската беше некоја глупа со ластици испод очи шо те праат да изглеаш ко монголоид) и рукајци и слегов долу да се сретнам со непозната лепа, млада и плавоока женска особа која шо домарширала пешанката од Кисела Вода до кај мене за да ми донесе да потпишам договор за најдебелата књига на Набоков, шо треба да се скоцка до септембар, значи моето лето е решено, само шо ќе мора да се „одглупам” малце за достоинствено да одговорам на ваков челинџ, ал ипак ептен сум среќна шо мозоков ќе треба да ми се занимафка со мислите на некој каде-каде попаметен, наместо да врти у празно ил' на поефтина тарифа.

Мие више бевме отпутовале под падините на Водно накај Треска, покрај процветаните трешњи по бавчите и нивчињата на не баш урбаните скопски насеља пекнати на тоа сунцето до дремка, коа сестра ја однесе мајкица на зрачење, а оно тамо бил укварен апаратот на мајкица, па се убиле од чекање у гужвањац на другите два апарати и сестра имала могуќност да проучи фазла сочекачки ликои, од досадното блебетаво натапирано провинцијално тетке шо насмрт ја удавила својата ќерка со глупи питања, ваљда пошо жифнала оти тоа и било последно зрачење, па уше една ќерка придружничка шо ѝ се пожалила на моја сестра дека нејна сестра си има шесмечно бебе, а мајка ѝ рак, сите у иста куќа, па малце многу и дошло, па до стариот чика шо сам си дошол на зрачење со планинарскиот ранец право до Водно, па најнакрај до меланхоличната млада Ромка у количка шо го замолила својот придружник да ја избута да глеа кроз прозор и да ќути. Моменат на фокус на сестра тука била тоа кабината у која шо се гнетат да се рассоблечат пред да појде мајке зад „седум враќе железни”, исто ко и претходната шо водела у првододелениот апарат на мајке, и кај шо на улаз ги прскале до закашлуење, ради дезинфекција де, а после сестра ми и у двете кабини дур ја чекала мајкица да излезе од зрачење, кое е усвари веома кратко, ги проучуела мастиките залепени врз рубот на огледалото ил' рубот на некоја висока полица, не разбрав баш, од страна на нервозните ракосани жвакачи ил' нивните придружници, па ил' едни до други ко војничиња, ил' едни врз други ко растеќа планиница. Сестра вика немала срце да им каже на одговорните за ова цели две недели, ал у понеделник ќе имаат генерална дезинфекција ради заразената докторка и две транспортерки, па, I'll keep you posted дал су жваке биле примеќене.

Стасуеме внучко и ја поред Треска, ја привршуем некој текст за луѓето со посебни потреби и Ковид-19 и како за нив изолација е нормално стање, и како и они, ко и многу други, чекаат револуција у своја корист после све ова, дур внучко се точачира и успешно изиграва среќно дете на сунцу. После решаваме да дрфнеме со домаќините по едно розе док внучко се праи ѓољ и жива вода на тоа прскалката у трева пошо знае дека мајка му испратила и преслека. Ме распрашуат дал сме офарбале јајца, не, викам, у субота, да се има шо да се праи у полициски. Мајкица, иако е атеист-социјалист, обавезно фарбаше бар три црвени какариња у четврток за да ги огрее сунце на тераса, тоа ваљда пошо мораш у 4 саат да станеш, исто ко у „Маљчики”, ама лани или преклани ѝ ги украде чавка, сите три.

После ја као се заинтересируем коа почнуат рамазанските религиозни гладовања, пошо нели такво маалото, ал само ко изговор да растоврзам за моите рамазански искуства у Мароко, друг пут за тоа, пошо допрф иде Рамазан, а ја за срамота за локалниве рамазански обичаи неам толку детални познавања. Важно дур дрдљам ја, од друга страна на река доваџа до нас силен звук „пау-пау-пау”, па прво си помислуам, шо кој к.р петарди сред бел ден, пошо баш локалци у Сарај и околина ми се фалеле дека и они се пребациле на ватромети као цивилизациски напредак, а ваљда појефтино од метци. Ал домаќиниве одма се залепија до ограда до река да гледаат од карши, кај шо пе-чес бабачковци трчаат по тоа еден празен ал џомбав плац од тоа купоите песок и шљака, ко да бркаат некого, па после стоеја неколку минути зад едни врби и гледаа у земља, а мене никој не ми одговара на питањето „а бе, да не упукаа некого” ил' „треба ли да се тргнеме малце”. Олакшањце коа го слушнав оној дубоко пачји звук на шкодилацине полициски на кој се научивме, бар ние дома, пошо одвреме-навреме проваѓаат увече и на разглас ги опоменуат кучкарине у кучкарски парк и надоле по цел парк да држат отстојање. И ондак пе-честорицава бабачковци дигнаа од зад еден куп песок уше еден бабачко ко нив у црвена маичка и руки зад грб у лисици и го однесоа преку тоа џомбите, горе-долу, горе-долу, све до полицискиот шкодилак на путот у позадина, кој го одвезе у преурањена и, а ко шо дознав после, дугорочна изолација.

Дојде Бујо, кој шо зуи по цел ден и покрива километри и километри квадратни у вилајетов и ни ја разјаснуе прикаскава, како пе-честе бабачковци у цивилка биле уствари алфи, ил' како веќе се викаат сеа, кои више некое време го гањале типов по кого била распишана потерница. Типов иначе бил корумпиран џандар, кој, откако го избркале од работа, станал тотално кваран криминалац. А ко го прашав Бујо кој е типот и од каде, ми одговори кусичко: „Наш е бе, од Грчец.”

И така, релативно узбудљив тоа Велипетокот, бар ко ќе се успореди со велигденскиов продужен викенд, бар сеа за сеа, а и апетит ни отвори, се напукавме со тоа графот ко којзнае шо да е, а и толку многу зељка салата шо морафме да си прилегнеме.

Не можев да се одлучам меѓу две ствари на ист аутор, ал овега стварно го упукаа, а предимство ѝ дадов на стварта со видеото у кое е стварно супер забавен сумњив тип у црном по тоа Њујоркот, тип кој упорно верглаше о љубави и коа више тоа стана зајебанција, иако нерефренските строфи можда захтеваат малце поише од уобичаениот општоместовски ангажман, а богами (конструктивни) мајндгејмз изгледа ќе ни требаат у веома скора будуќност, а у коментари и мојот олтајм фејворит од него.

Значи за оние шо веруат, уше малку ќе воскресне, ал без секирација, и ви ќете, кат-тад.

 

MIND GAMES We're playing those mind games together Pushing the barriers, planting seeds Playing the mind guerrilla Chanting the mantra 'Peace On Earth' We al...

Слики: Zander Bice

Кон претходните делови

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото