Љубовта на земјата

02.05.2020 16:59

Земјата е распарчена меѓу сеќавање и надеж.
Жителите ѝ се мешаат меѓусебно,
како да се враќаат од свадба или од погреб.

А земјата не е распарчена на воени и на мировни зони.
И тој што копа ров за да лежи во него за време на војна,
ќе се врати и ќе легне во него со љубената во времиња на мир.
Ако преживее до мирот.

А земјата е прекрасна.
Накитена е исто така и со непријателот што ја сардисал,
со оклоп што болскоти та искри чиниш сонце.
Небаре блештукаво синџирче околу нечија шија.

А земјата си е паковка самата себеси.
И добро е изврзана со сè во себеси,
о престегната е,
та врвците понекогаш болат.

И земјата е многу малечка.
И јас ја носам во себе.
Струите на тлото ме преплавуваат исто така, кога се одморам.
И височинката на Кинерет секогаш ја имам на ум
и така ја чувствувам со затворени очи;
морските долини и планините.
И можам да запомнам сè што се случило во неа, сè наеднаш
божем некој кому животот му молснува пред очи во мигот на смртта.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото