Б1, Л1 и М1

04.05.2020 15:52
Б1, Л1 и М1

 

Си биле Б1, Л1 и М1.

Првиот горенав1, Б1, бил неправ1 и неур1 (можеби не крвож1, ама скар1 сигурно; тоа, па, ме наведува да се сетам на омилениот цртан филм на Л1 и М1: „Бурлеските на Скар1 и Крвож1“*).

Вториот, нар1, т.е. Л1, исто не бил ур1 (ко па тоа да е важно), ама страшното е што бил, за жал, зал1, што автоматски го правело залуден, со снажно чувство на залудност, кое го водело кон комплетно лудило).

М1, па, сос1 на горните, сосем беневолентен и слаткаст, никако не сакал да биде вов1 во искушение. Исклучително прав1 и меѓу присутниве најур1 (живеел на мајур, скоцкан и пицнат ко кариран чаршаф).

Да се вратиме на Б1. Еднаш еден Ж1 побарал чаша вода од Б1. Чекајќи Ж1 станал ос1, од што се гледа колку беден бил Б1.

Друг пат ниско рангираниот Р1 (реден недореден) бил дов1 во многу лоша ситуација, нав1 токму од Б1, да биде прор1, т.е. прер1 и прераспор1 уште пониско. Од тие причини Р1 (свесен дека Б1 не е повр1 од него) се осетил баеги навр1 и повр1 (+ нагло побл1) од страна на Б1. Ама не и поб1.

Да се вратиме на Л1. Несвесно можеби сакал да биде како М1: ср1, со св1 стил (во тоа време доста сл1); носел, на пример, двор1 елек и, напор1, еднор1 костум. А сепак не бил уб1 дека е угл1, Л1, што дополнително му создавало саклет, сафра и анксиозност.

Ама и М1 си бил специфично луд: најмногу се плашел, на пример, да не биде зав1 и из1. Значи, првенствено сакал да биде безб1 и пошт1. Ама истовремено сакал да биде во пр1 план, т.е. никако не спор1. Што значи, ни М1 не бил баш многу одр1, т.е. бил мошне конфузен и изгубен.

Всушност, ниеден од тројцата не бил баш нормален. Заради тоа можеби и ги сакале бурлеските со Скар1 и Крвож1, во кои можеби се препознавале.

 

* Крвож1: Скар1, ти си толку неур1 што ми идеш на мочен меур.

Скар 1: Подобро неур1 отколку да ми прсне неурон, или меур, у глава.

Крвож1: Подобро и неурон да ти прсне отколку исц1 да бидеш преку крвни жили.

Скар1: Не си прав1, Крвож1.

Крвож1: Се обидувам да те убедам да бидеш поур1.

Скар1: Убиј ме тогаш ако не сум уб1! Или ако сум неур1!
Крвож1: Овојпат пошт1 ќе бидеш.
 

Скар1: Фала ти, Крвож1. За мене никогаш не си бил спор1. Дотолку, се осеќам зав1. Речиси до свршување дов1.

Крвож1: Скар1, ќе бидам одр1 како кон побратим: ни1 досега вака не ми се обратил.

 
Записов за лудилото (очекувано, не баш прегл1) го состави вр1 набљудувач, долунав1 под псевдонимот
Ни1

 

Гиф: Nicolas Monterrat

Слични содржини

Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Книжевност
Пандалф Вулкански
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото