Во гепекот нема трет

25.11.2010 13:13
Во гепекот нема трет

Прексиноќа алфите ги запреле и ги легитимирале моите пријатели Жарко Трајановски и Жарко Јорданоски. Првиот е колумнист во „Дневник“ и активист на Граѓани за европска Македонија. Вториот е уредник во „Време“ и од неодамна кандидат за претседател на ЗНМ.

Алфите ги запреле двајцата Жарковци, внимателно ги легитимирале, а Јорданоски бил принуден да го отвори гепекот на своето возило за преглед. Потоа алфите некому се јавиле по мобилен телефон и без објаснување ги пуштиле да си заминат.

Јас имам рационално објаснување за овој инцидент. Двајцата Жарковци веќе подолго време и’ задаваат проблеми на власта. Колегата Јорданоски неправедно беше обвинет дека е грчки платеник, а сега и соросоиден кандидат за претседател на ЗНМ - сето тоа бидејќи Латас го има побркано со гемовецот Трајановски.

Од многу работа и активности, агитпроповциве на Груевски прават кардинални материјални грешки. За колумнистот Никола Гелевски од ГЕМ, на пример, ту велат дека е новинар, ту тврдат дека е трговец со книги. Емисијата „Европа сега“ ја побркаа со „Еврозум“ на Борјан Јовановски. Мене никако да ми ја утврдат домашната адреса. Мерсељ Биљали го штедат, можеби мислат дека е од ДУИ.

Накусо, збрката е толку голема што сега мора да се ангажираат алфите да ја утврдат фактичката состојба. Претпоставувам дека полицаецот што се јавил по телефон откако ги легитимирал Жарковци, одлучно рапортирал:
- Шефе, јави му на Латас, двајца се. Еве, само што им зедовме податоци. Не, во гепекот нема трет. Сигурно.

Извор: Шпиц, 25.11.10.

ЛОЛ! Добра е карикатурава.

ЛОЛ! Добра е карикатурава. Другово, причам ти причу.  

 Се сложувам

 Се сложувам

 hahahaha zakon

 hahahaha zakon