„Не за враќање во нормала“ – отворено писмо на 200 научници, славни актери и музичари

07.05.2020 10:26
„Не за враќање во нормала“ – отворено писмо на 200 научници, славни актери и музичари

Водечкиот француски дневен весник „Ле Монд“ го објави отвореното писмо на повеќе од 200 научници, 20 нобеловци, уметници од целиот свет, меѓу кои и се и Хоакин Феникс, Кејт Бланшет, Роберт де Ниро, Иги Поп, Мадона, Питер Брук, Џулиет Бинош и други, во кое велат дека не смее да се дозволи „враќање во нормала“, зашто тоа ќе значи уништување на животот. 

„Добрата страна на кризата е што нè соочува со важни прашања. Пресметката е едноставна, малите прилагодувања веќе не се доволни, станува збор за целиот систем.

Еколошката катастрофа која е во тек ја открива мета-кризата: масовното уништување на животот на земјата е недвојбен факт и најавува директна егзистенцијална закана. За разлика од пандемијата, колку и да е таа трагична, станува збор за тотален колапс со несогледливи последици.
Со најголема можна сериозност, ги повикуваме луѓето на власт и граѓаните да ја напуштат неодржливата логика која сè уште преовладува и конечно да почнат да работат на длабока промена на целите, вредностите и економијата.

Конзумеризмот нè доведе до негирање на самиот живот: животот на растенијата, животните и голем број луѓе. Загадувањето, затоплувањето и уништувањето на животниот простор на дивината го водат светот до точка на катастрофа. Од овие причини, вклучувајќи го и зголемувањето на социјалните нееднаквости, ни се чини дека е невозможно „враќањето во нормала". Радикалните трансформации кои се наметнуваат на сите нивоа, бараат решителност и храброст. Тие нема да се случат без масовно учество и уверување.

Кога да се започне?

Тоа е прашање на опстанок, како и на достоинство и доследност...“

Извор: lemonde.fr