„Крафтверк“ во Скопје

07.05.20 11:29

По повод веста за смртта на Флоријан Шнајдер (73), еден од основачите на германската група „Крафтверк“, се потсетуваме на последниот нивен настап во Скопје, кој се одржа на 27 февруари, 2018 година во салата „Борис Трајковски“. Првпат во Скопје тие одржаа концерт во 2005 година на Скопскиот саем.

„Крафтверк“, ги постави темелите на електронската музика, но во 1975 година, во интервју за списанието „Ролингстоун“, Шнајдер рече: „Крафтверк не е бенд, тоа е концепт. Ние го нарекуваме 'Die Menschmaschine', што значи човек - машина“.

Заедно со Ралф Хутер го основаат Крафтверк во 1970 година. Нивната музика Боуви ја сметаше за „фолк на фабричките хали“.

Шнајдер учествуваше во правењето на сите студиски албуми на групата, која ја напушти во 2008 година.

 

Извор: Youtube

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото