Камила на море

07.05.2020 13:10
Камила на море

Камила на море

Во игра на
среќа, едно
наградување,
камила доби
на море патување.

Таму, цел ден
во море пливање,
на плажа сокче
и релаксирање.

Кога требаше
да се врати назад,
кога заврши сè,
камилата рече – не.

И уште рече:
– Тоа море
од песок,
не ме влече.

Во мене срце
на морска
камила чука,
останувам – тука.

Бегството на полжавот

Што е тоа?
Да те фати страв,
а не е – лав?
Тоа е сè
околу нас,
што под
итно бара спас.
Божем убав
овој свет,
овде смог,
онде смет?!
Место птици
песнопојни,
црцорат кеси,
разнобојни.
Ја фати
планетава
криза нервна,
а немаме
планета –
резервна.
И што сега,
полжаву драг,
на друга планета
не се бега!
Сега и тука,
во нас мора
еко-срце
да чука.
Планетава
да ја чуваме,
нема дилема,
оти може еден ден
неа да ја нема.


Модна ревија

Мирно, без брзаница
природата родна
секои три месеци
приредува ревија модна.
Сè се преоблекува
во бои со нов сјај,
лето – есен – зима – пролет,
манекенки се, знај.
Најнова е сега
ревија модна,
настапува
пролетта згодна.
Ливадата, прчла
на високо се крева,
пак ќе се носела
посланица од цвеќиња
врз зелена трева.
Планината стресе
снежни сметови,
се топори со
илјадници цветови.
Никнува сè и сешто,
па се случува често,
кандидати да има сто,
а една педа место.

Илустрации: Наташа Костовска

Извор: Чудна шума

 

 

ОкоБоли главаВицФото