1010 hPa
25 %

34 °C
Скопје - Саб, 19.07.2025 16:59
Дваесетина студенти и дипломирани музичари од престижната музичка школа „Џулијард“ (Juilliard) во Њујорк, направија проект за социјалната дистанца насловен „Проект Џулијард“ на музика од познатата композиција на Морис Равел, „Болеро“.
Во видеото учествуваат инструменталисти и танчери, а авторите објаснуваат дека композицијата „Болеро“ била избрана бидејќи вклучува поголем број соло изведби.
Десетиците индивидуални изведби биле снимени посебно и потоа вклопени во видеото, како порака дека во овој несигурен момент што го преживува светот, се отвораат нови можности за креативни соработки.
Извор: thisiscolossal.com