Јапет и Петар

09.05.2020 00:33
Јапет и Петар

Јапет, иако многу стар, беше страв и тре5. Ако Јапет те стави на та5 тоа е 5но за цел живот. А понекогаш и гаранција за скончание бедно.

Петар, пак, од 5ни жили не го поднесуваше Јапет, т.е. од 5ична коска (се извинувам ако, трудејќи се да бидам по етичен, не сум доволно поетичен).

Како и да е, ко вчера да беше, го памтам тој ден 5ок на празник 5ковден. Најпрвин Петар грубо рече:

- Јапет, ја 5 пари не даам за тебе!

А Јапет му возврати: - Ја Петар не признаам, ни да е качен на пара5! За Петар не даам ни 5аче!

- Тебе ни со пи5а не можам да ти клаам троа памет, Јапет - рече Петар.

- Твојот ум, па, е на ниво на недоветен 5летен. Или на ниво на 5ле - одговори Јапет.

- Се фалиш ко 5ел - рече Петар.

- А ти се нежен ко 5елка или ко 5унија. Или ко зелка или ко желка - рече Јапет.

- А ти си ко некое 5лиште или детиште од 5то одделение - рече Петар.

- Со 5ица ти гмечам 5лица, Петар! - рече Јапет.

- 5 лица не можат да ми откопчаат 5лица! Пиши 5иција, цицијо! Или викни полиција да ти помогне - одговори Петар.

- 5рифициран си, Петар, за5личен со глупите 5лици - рече Јапет.

- Светам во светов и со 5лиците стамено ко 5ролејка! Ко 5окрака у тунелу усред мрака! - се пофали Петар.

- Такви решавам со 5рол, еј, Петар! Ил со 5арда! - рече Јапет.

- Скроз си неточен, Јапет. На овој свет ден 5очен - рече Петар.

- Кој е неточен на овој свет ден 5очен ќе одлучи совет 5очлен - рече Јапет.

- Нека биде така - рече Петар.

Разговоров што се случи на свети 5ок, на 5ковден, засолнет во раскошната крошна на дрво 5ровка, прецизно (за 5ка) го забележа долупотпишаниот:
5ко
(претседател на советот етички, 5очлен)


Гифови: Bill Domonkos


 

ОкоБоли главаВицФото