Ден за истерување на духовите на умрените

09.05.2020 12:08
Ден за истерување на духовите на умрените

9 мај, денот што денес го славиме како ден на победата над фашизмот, во Рим бил првиот од трите денови во годината кога Римјаните со обреди ги истерувале од своите домови духовите на умрените. Деветти, единаесетти и тринаесетти мај во римскиот календар биле денови на мртвите или денови посветени на празникот Лемурии (лат. Lemuria, од lemures ‘души на умрените’). Дел од обредите што се практикувале на Лемуриите „преживеале“ во христијанскиот празник Духовден.

Овидиј пишува дека Лемуриите биле востановени од Ромул, кој, откако го убил Рем, посакал со низа обреди да го смири духот на својот брат. На Лемуриите свештеничките на Веста, божицата на домашното огниште, домот и семејството, за да ги смилостиват душите на умрените подготвувале солена жртвена каша (mola salsa). Таткото на семејството на полноќ бос шетал низ куќата, зад себе фрлал зрна црн грав и девет пати извикувал: Haec ego mitto; his redimo meque meosque fabis (Јас ви го испраќам ова; со овие зрна грав се откупувам себе си и ги откупувам моите блиски). Членовите на семејството удирале во бронзени тенџериња и девет пати извикувале: Manes exite paterni!(Духови на предците, одете си!).

Слика: Римски мозаик од Помпеи, I век, н.е., Археолошки музеј, Наполи

 

Слични содржини

Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Општество / Gif / Историја

ОкоБоли главаВицФото