Денот на победата

09.05.20 15:31

На 9 мај 1945 година Германија ја потпишува својата капитулација во Втората светска војна, во која животот го загубиле милиони луѓе. Војната е официјално завршена неколку месеци подоцна, со капитулацијата на Јапонија, но во Европа денешниот ден се одбележува како Ден на победата над фашизмот.

Овој датум како Ден на Европа, кој го прославува единството и мирот на стариот континент, се одбележува од 1985 година.

9 мај треба потсетува и на тоа дека фашизмот уште не е вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето без оглед на нацијата, верата, расата, полот и сексуалната ориентација се клучни цивилизациски придобивки.

 Погледнете го видеото за денешниот историски датум.  

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото