Владата најави дека од 20 мај миењето раце нема да биде неопходно

10.05.2020 14:08
Владата најави дека од 20 мај миењето раце нема да биденеопходно

 
 Владата на Република Северна Македонија најави дека во склоп на убажување на мерките за борба против корона вирусот, од 20 мај миењето раце веќе нема да биде неопходно. Во соопштението издадео по тој повод се наведува дека веќе од понеделник граѓаните два пати дневно ќе можат да ги мијат рацете само со топла вода, без сапун, но со почитување на мерките за социјално дистанцирање. Владата напоменува дека за луѓето псотари од 65 години обврската за миење раце ќе биде укинета во последната недела од мај.

- Многу е важно со укинувањето на обврзното миење раце да се оди постепено за да не дојдеме до ситуација повторно да ја воведуваме таа мерка. Некаков план за понатамошна релаксација на мерките подразбира препорака после 15 мај рацете да се мијат само со студена вода, додека сапунот да биде личен избор. За веќе од 20 мај во потполност да прејдеме на вообичаените хигиенски навики што не подразбираат редовно и темелно миење раце. Меѓутоа, она што морам да го нагласам е дека пред јуни нема да бидат дозволени јавни собири на повеќе од пет лица со неизмиени раце.

Филипче додаде дека од половината на јуни на граѓаните ќе им биде дозволено повторно да се бакнуваат, како и да си кашлаат и киват едни на други во лице, бидејќи, како што објасни, мораме да се вратиме на нормален живот.



Извор: www.njuz.net