Новогодишна фиќо - бајка

13.05.2020 13:07
Новогодишна фиќо - бајка

Средина на 1990-те е, крај на декември, кога сите, па и јас, се во предновогодишно расположение. Грч-студеното и снежно време не нѐ поколебува - со неколку другари и другарки тргнуваме кон Охрид на новогодишна прослава. Нормално, патуваме со моето бело фиќо, кое се претопуваше во снежниот пејзаж. Ако добро се сеќавам, точниот датум е 30.12.1994.

Фиќото нѐ служеше добро сѐ до ридовите оддалечени 40-50 километри од Охрид, кога почна да губи вода, да ја зголемува температурата и да откажува послушност. Решението на проблемот беше... хм, природно. Застанавме среде планина, се качивме на првото брдо, најдовме некаков голем, дебел стап со кој го потпревме отворениот капак од моторот.

Кутрото фиќо така изгледаше како тркачки автомобил – Флојд-Флојд-Флојд-Флојд-Флооојд :) Снегот паѓаше директно во моторот и му обезбеди совршено ладење. Стигнавме до Охрид речиси без вода во ладилникот.

Оттогаш имав повеќе автомобили во кои возењето беше побезбедно, поудобно и не толку авантуристичко. Но, кога ќе се случеше некаков дефект, ниту еден од нив не успеав да поправам со помош на гранка и снег.

 Извор: Културен центар 750

Слични содржини

Книжевност
Фотографија / Книжевност / Настан
Јавни простори / Книжевност
Книжевност
Книжевност / Култура
Книжевност / Уметност / Око
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото