Куќната беспомошничка

14.05.2020 17:29
Куќната беспомошничка

Се оградувам од било какви изјави за самоизолација.


Некој да ми кажувал дека ќе ме фати носталгија за реалноста ќе сум мислела дека сонувам.


Сакам пак сама да си ги смислувам изговорите за неискачање од дома.


Се облекувам за да личам на човек.


The шо стори of my life.


This is major лом to ground control.


Куќната беспомошничка.


- Уморна си?
- Не не, работам од кома.


- Добар ден, апчиња за клаустрофобија имате?
- Дојди утре, ептен во тесно нѐ фати сега.

Јас мислам 7 ипол, тоа вторник.


Бев да го однесам сатот кај часовничарот - ми го направи денот.


Календарот што го продаде своето Февруари.


Не сега, уште ми е предоцна.


Кога би имала повеќе време подоцна би снемала време.


За мои пари ќе сум сиромашна колку сакам!


Плата ќе ти стигне, но нема да ти стигне.


Кредит со одложено плачење.

Те слуша срцето?


Не сум мртва однатре, образована сум.


Космополит сум докторе, не ми делува локална анестезија.


Имам прележано лекарски преглед.


Што сум видела една мигрена - боли глава.


...а другиот лепрозен одговори: знам дека ти помина главата, ама не знам кај отиде.


Пиши оториноларингооргија, да не ќе примети некој.


- Приседни малце.
- Не можам, не знам г'зот кај ми е.


- А како се пие хомеопатскиов лек против корона?
- На гладно и неписмено.


- Не госпоѓо, коронарно заболување не е корона вирус.
- Уф, добро е.


Колажи: MATTHIEU BOUREL

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото