Плашилото

15.05.2020 15:22
Плашилото

Во 1931 година, селанец во Битолско имал необично, варосано плашило во својата нива. Не било необично затоа што било варосано, туку затоа што плашилото, всушност, било ретка античка скулптура, копија на Атена Партенос од Фидија, чиј оригинал не е зачуван. Селанецот ја пронашол случајно во своето лозје кај Битола, а статуата денес е во Народниот музеј во Белград.

Нове Цветаноски, Разнесено наследство

 

Вар варосано, ѕид ѕидосано:
во музејов е толку досадно.

А кога си бев во лозјето
(мовлива – уште млада, зелена,
не ваква налицкана, побелена)
гледав како зрее грозјето,

се будев со роса оросена,
мирисав на трева искосена.

Дури и кога работев за него
- кога по цели денови стоев
сред нива и облаци броев –
имав поглед вперен во небо.

Вар варосано, ѕид ѕидосано:
во музејов е ТОЛКУ досадно.

Магдалена Хорват, Осетлива на светлина, избрани песни, Темплум, 2018, стр. 17-18.

Слика: Атена Партенос, најдена во Буково во близина на Битола, 3/2 век. п.н.е., Народен музеј, Белград.

 Извор: ΑΡΓΩ

ОкоБоли главаВицФото