„Изолиран“ - краток филм

16.05.20 15:32

Берлинскиот уметник Фалк Леман (Falk Lehmann), кој е попознат како AKUT, неодамна решил енергијата и времето што вообичено ќе ги користел за изложби и фестивали, да ги насочи кон колаборативен проект за поврзување на уметниците низ светот. Во самоизолацијата се чувствувал отсечено од претходниот социјален и професионален живот, па заедно со 37 уметници, кои живеат во 30 различни градови, тој го создаде „Изолиран“, краток филм, кој нуди поглед во нивните работни простори.

Учесниците направиле клипови од по четири секунди, кои се нурнуваат едни во други. 

„Лизгајќи низ контрастните и инспиративни студија како живи простори во постојана употреба, за мене се беше освежувачко и многу утешно. Филмот ја симболизира поврзаноста на сите поединци кои се дел од универзален бесконечен, жив ум, во кој не мора физички да бидете присутен“, вели авторот.

 Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото