Градскиот парк и Треска се живототворно зеленило

18.05.2020 11:52
Градскиот парк и Треска се живототворно зеленило

Национализираниот имот на прадедо ми бил кон крајот на зоолошка, во зоната околу АБЦ и паркови и зеленило. Татко ми со носталгија кажува дека кога бил дете, пред земјотресот, паркот бил огромен и како ,,џунгла", а завршувал со плажи. Го замислувам како место за томсоеровско играње на деца...

Како и да е, тој одземен простор може не може да се пренамени, но просторот на Треска итекако може. Таму има куп дрва, само треба да се тргнат руинираните бараки меѓу нив. Ако можеше да се посади трева на плоштад симболички, овде и симболички и суштински би добиле живототворно зеленило.

***

Во одбрана на Буњаковец

Според Википедија (исправете нѐ ако имате поточни податоци) во 1945 година Градски парк во Скопје имал 114 хектари.

Во 2020 година Градски парк наводно има 48,6 хектари.

Според пописот од 1948 година Скопје имало 102.600 жители.

Според денешните најсвежи проценки од Град Скопје цитирани од Призма во градов живеат 600.000 луѓе.

Шест пати повеќе луѓе со два пати помал Градски парк!

Информации за тоа колкава е површината на другите паркчиња не е лесно да се најде на интернет (ако сте повешти, споделете во коментар). На веб-сајтот на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје / NP "Parqe dhe gjelbërime" - Shkup стои дека паркот во Чаир подигнат 1930 г. има 16 хектари, а за Жена Борец и паркот во Ѓорче Петров нема податоци за големината. Знаеме дека има и некои понови паркови во
Општина Карпош што ги најави градоначалникот Stefan Bogoev, ама не се наведени на овој сајт.

Логично и неопходно за нормален живот на 600.000 луѓе што живеат во #Скопје е да се направат повеќе паркови што ќе ги задоволуваат потребите на ниво на општини, четврти и маала.

Ако се согласувате дека ова е потреба чие задоволување треба да го бараме од локалните власти, споделете го постов на вашите профили и групи, за да може да видат градоначалниците Петре Шилегов на Град Скопје, Саша Богдановиќ на Центар и сите други (тагнете ги во коментари другите) што мисли народот.

Едно такво место е просторот на #Треска, каде веќе има повеќе од стотина дрвја.

Него државата треба да го претвори во парк на сличен начин како што Будипешта тоа го сторила со поранешна индустриска зона во центарот која сега се вика Парк Миленарис -

Линкови:

Израснати, здрави дрва на просторот на Треска

Википедија - Градски Парк Скопје:

Призма со податоци од Град Скопје за број на жители

ЈП Паркови и зеленило

Millenáris во Будимпешта

Фотографии: commons.wikimedia.org

 

ОкоБоли главаВицФото