Пајажина

18.05.2020 16:38

Летно зајдисонце во Градски парк. Го вперувам погледот помеѓу две тенки гранки од едно дрво. Се поместувам, го менувам аголот и фокусот, сè додека не забележам пајажина меѓу гранките. Се трудам што подобро да ја запамтам формата која ја исцртуваат тенките исплетени нишки. Знам, во моментот кога ќе ѝ дадам име на пајажината, учествувам во создавањето на еден нов град. Кревкоста на неговото постоење, на некој чуден начин, го надминува величието на сите човечки катови. Толку е нежен овој град, што ја прилагодува формата и на најслабото ветерче. И на твојот здив.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото