Аријадна

19.05.2020 21:51

На Камениот мост веќе неколку години стои долга, зелена линија исчкртана по оградата, на делот кон Старата скопска чаршија. Понекогаш се слушаат осудувањата на минувачите: вандализам, стока, не знаеме своето да го чуваме, само штета да се правело... Ги сожалувам луѓето што негодуваат. За разлика од нив, изгубениот вандал барем се обидел да остави трага според која ќе се ориентира на трусното тло, некаков белег што ќе направи да биде барем помалку изгубен во градот што уште утре си го заборава своето вчера. Пактот со Аријадна е клучен за опстанокот во скопскиот лавиринт.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото