„Приказна на приказните“ - анимиран филм

21.05.20 16:44

Рускиот анимиран филм „Приказна на приказните“ (1979) се состои од ефемерни, навидум апстрактни секвенци кои претставуваат размислувања за војната и, на извесен начин, ја имитираат човечката меморија. Наивните и необични ликови на режисерот и аниматор, Јуриј Норштејн, ја индивидуализираат тагата на општеството, додавајќи ѝ поголема моќ.

Получасовната анимација не е насочена кон сцените на конфликт, туку на промените во домашниот живот. Посебен акцент е ставен на огромните загуби што ги претрпе Советскиот сојуз и колективната траума. Оваа уникатна медитација за војната и меморијата се смета за еден од најдобрите анимирани филмови на сите времиња.

Јуриј Норштејн е руски режисер и аниматор (1941), кој е многукратно наградуван. Негови најпознати анимирани филмови се „Еже во маглата“ и „Приказна на приказните“. Од 1981 година работи на долгометражен анимиран филм „Шинел“, инспириран од истоимениот расказ на Гогољ. Елементи од првите 20 минути од филмот се прикажани на неколку изложби на делата на Норштејн. Целиот филм се очекува да биде долг 65 минути.

 

Извор: kinoklassikafoundation.org

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото