Не сфаќам што сакам да кажеш

21.05.2020 18:17
Не сфаќам што сакам да кажеш

  

Не сфаќам што сакам да кажеш.

 

Ако сум ти убава сам ќе си најдеш причина да бидам во право. 

 

Толку беше убава што ја слушав.

 

Извини што упаднав во твојата претстава за мене.

 

Сонот е интимно кино.

 

Ајде убаво да спиеш. И отворај очи!

 

Се качувам по покриви за да мислам дека сонувам.

 

Желбата да бидам акробат ме следи и на сон и на јаже.

 

Не сум нестабилна, само пробувам да заведам жироскоп.

 

Никогаш ја немам поминато границата пошо си ја носам со себе.

 

Спијам боса. Пола за мене, пола за комарците.

 

 

Кога спротивностите се привлекуваат, велиме дека постои  констраст.

 

Не сака да имаме секс пошо стално го победувам.

 

Мислам дека ми даде празна одмазда на заем, има да му вратам за ова.

 

Ќе го поштедиш од безусловна љубов, нема да знае фала да каже.

 

Се вратија крокодилите во моите очи.

 

Му кажав на магарето дека го сакам, коа почна: и ја, и ја, и ја...

 

Многу го засакав крлежов, некако под кожа ми влезе.

 

I love you very ouch.

 

 

Откако почнавме да тонеме, ни тргна.

 

Дадов сѐ од себе да ми е полесно.

 

Ние за ѕвончето, ѕвончето на врата.

 

Со свои уши слушнав како со свои очи виделе.

 

Сомничав маж има шесто сетило. Сомничава жена има шесто сетила.

 

Сакам да располагам со доволно обичност и доволно аеробичност.

 

Колажи: MATTHIEU BOUREL

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото