Почина писателот Беким Сејрановиќ

22.05.2020 07:06
Почина книжевникот Беким Сејрановиќ

По кратко и тешко боледување, во 48-та година од животот изненадно почина истакнатиот писател и книжевен преведувач Беким Сејрановиќ.

Беким Сејрановиќ е роден во Брчко, 1972 година. Студирал и живеел во Ријека, а од 1993 година живеел во Осло, каде на историско-философскиот факултет магистрирал на јужнословенски книжевности. Од 2000 година работел како судски преведувач и книжевен преведувач, предавал норвешки за странци, пишувал и објавувал проза.

Ги објавил книгата раскази „Мавање“ (2002) и романите „Никаде, од никаде“ (2008), „Подобар крај“, „Сандали“, „Твојот син Хаклбери Фин“ и „Дневникот на еден номад“. За романот „Никаде, од никаде“ ја добил наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман. Неговите романи и раскази се преведени на повеќе јазици: норвешки, англиски, словенечки, македонски (Игор Исаковски беше преведувачот), германски, чешки, италијански и полски.

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото