Проблем е што се толерираат секакви кршења на мерките

22.05.2020 11:57

Не е проблем полицискиот час од 3 дена. Имавме неколку такви, поминаа без бурни реакции.

Проблем е што се дозволи "лажичка" за Велигден. Што не се реагираше на литијата во Струга. Што не се реагира на масовните групирања кои се случуваат насекаде. Што се толерираат секакви други кршења на мерките. Што не се реагира на гужвите по моловите. Што се дозволија митинзи за изборите.

Со сите овие работи се прати порака дека правилата не важат за сите. Дека, додека едни се жртвуваат за општото добро, други можат неказнето да прават што сакаат. А луѓето не сакаат неправди, пошто 30 години само тоа гледаат.

Се прашувам само - дали ќе се извлечат поуки и дали ќе почнеме да гледаме казни и за оние кои навистина го загрозуваат јавното здравје?

Бранимир Јовановиќ, Фејсбук, 20.05.20.