Прва трансплатација на срце во Македонија

23.05.2020 11:05
Прва трансплатација на срце во Македонија

Ноќеска, во 2 часот и 43 минути по полноќ, тим хиурзи ја изведоа првата транплантација на срце во земјава, на Државната клиника за кардиологија во Скопје. Операцијата траела шест часа. 

Во процесот учествувале Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, Жан Митрев од приватната Клиника „Жан Митрев“ и Александар Николиќ од Клиниката „Систина“, како и анестезиологот од КАРИЛ Маја Мојсова.

Министерот Венко Филипче соопшти дека трансплантацијата била успешна. Станува збор за срце од почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето и 54 - годишен пациент кој подолго време чекал донор.

„Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата ,,Живот“ Честитки Господа!!!“- напиша д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија на Фејсбук.

 

ОкоБоли главаВицФото