Заштитна маска за глуви лица

23.05.2020 12:23
Заштитна маска за глуви лица

Се насмевнува ли зад маската, или реагира со собирање на устата во знак на неодобрување? 

Носењето маски оневозможува да се видат реакциите на лицето на соговорникот. На глувите лица веројатно им е најтешко. За нив обврската за носење маски е речиси рамно на невозможност за каква било комуникација.

Сега од Бразил доаѓа модел на маски кај кој делот кај устата е изработен од проѕирен пластичен материјал. Така глувите лица можат да го гледаат движењето на усните на својот соговорник. Овие маски се дело на културниот центар Ла да Фавелиња во Алгомерадо да Сера.

 Извор: Дојче веле