1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 02:59
Кажуј праото пред секого и ич не бој се од никого.
Ја врзавме работата со бубаќерен конец.
Ти му велиш, Анте, тој ти велит Анте курела.
Во Прилеп мајмун не играт.
Тапано отскраја да го слушаш, поарен лезет имат.
Не чечкај пиштол за да не пукнит.
Тоа што го јадов, мене ме јаде, а не јас него.
Руба краси, руба гнаси.
Ако сакаш и со инка ум турај му, па не му се ваќа тиквата.
На гол газ таламбас.
Вати го слепецо, извај му ги очите.
Прецеди ја лакрдијата, да после речи ја.
Не лажит, ама прао не кажуат.
Коа го видуа, тогај му текнуа.
Страшен укит вати, дури во маглата има и волци.
Го стемнило и не го разденило.
Се раздени и без петело да пеит.
Ако немаше темница ќе требаше свеќа.
Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам.
Избор: Никола Гелевски
Гиф и илустрација: Ристо Аврамовски
Медиум на друм (78): Кога телото станува медиум
Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.