Пандемиско бинго

25.05.20 11:16

Во играта наречена „Лотарија“, картата со цртежот „Ла Каброна“ (со цртеж на коронавирусот) е клучна за победа.

Уметникот од Сан Антонио, САД, Рафаел Гонзалес јуниор (Rafael Gonzales Jr.) изработи карти на тема Ковид-19 и ги сподели на Инстаграм. Играта се базира на мексиканската игра со карти „Лотарија“, која функционира слично на бинго.

На шпилот карти за пандемиското бинго се прикажани реалностите на животот во карантин, од складирање на тоалетна хартија преку работните состаноци на Зум до осаменото шише со средство за дезинфекција на рацете.

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

Книжевност
Општество / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото