Curfew song (10)

26.05.2020 11:01
Curfew song (10)

Неам време да пишуам денес за баба, здравје утре, пошо ме чекаат епските титлови за Battle for Moscow и цела ноќ куцкање, ал за да бидам in и у тек со настаниве, заобилазно, ама у исто време и upbeat, да ви одржам и ја едно мало летимично предавањце за имиња и за јазици, проследено со супер песмица.

Тоа дека сестра ми покажуеше некое видевце за клиберење кај шо двајца млади Африканци ги прашуат да си го кажат името и на обајцата им е епски дугачко и на нас белачка раја ни звучат ко заебанција, па ги прашуат да ги кажат по неколку пути за да проверат дека не ги измишљаат у ход дечкиве дур сниматељиве се подмочуат од смеење. Ја одма ги познав од кај се, а името на едниот го имаше и оној кликачки звук (јазик од непце) што е типичен за некои банту и коикои јазици, односно и за јазикот Xhosa (кај шо Х на почетокот го означуе баш тој кликачки звук) чиј најпознат говорител и припадник на истоимениот народ беше Нелсон Мандела.

Свазиленд пред некое кусо време, коа славеа пеесгодишњица на државноста, го сменија името на земјата со декрет на краљот, пошо се апсолутна монархија и сеа се вика еСватини, ептен кул, ко eBay нешо. еСватини заедно со Лесото се краљевства у сред среде Јужноафричка Република и у целата нејзина огромателност изгледаат сиќушни, а не се.

Иначе што се тиче јазици ЈАР има 11 официјални, меѓу кои англиски, африкаанс, па онда идемо: IsiNdebele, Sesotho sa Leboa, Sesotho sa Borwa, SiSwati, Xitsonga, Setswana, Tshivenḓa, IsiXhosa, IsiZulu, при шо јазициве, заедно со тие неофицијалните, ги има негде 35 минимум.

А па од прецеднициве и после Мандела, Табо М'беки, кој шо беше прецедник дур ја поживуев таму е исто Xhosa со мајчин јазик isiXhosa, па после имаше еден шо беше само кусо дур да го изберат Џејкоб Зума кој шо е Зулу и мајчин јазик му е isiZulu, а сеа прецедник име Сирил Рамафоза, кој шо е Венда и мајчин јазик му е Tshivenḓa, а у стварва доле од славниот Хју Масекела дечките и девојките пеат на Setswana.

наздравје

Motla Le Pula The Rainmaker - Hugh Masekela

Слика: Anna Jansen

Кон претходните делови

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото