Како да се превенираат научните студии со грешка

27.05.2020 00:27
Како да се предупредат научните студии со грешка

На први февруари, Џон Инглис го отворил Твитер, како што прави вообичаено секое утро. Бил шокиран од она што го чекало.

Од 2013 година д-р Инглис, извршен директор на издавачката куќа Cold Spring Harbor Laboratory Press од Њујорк, му помагал на сајтот bioRxiv. Мисијата на сајтот? Подобрување на комуникацијата меѓу научниците со цел меѓусебно да ги споделуваат ветувачките наоди пред нивното истражување да помине низ некогаш предолгата контрола и публикација.

Но хаосот што го видел на Твитер му посочувал дека услугата на која е заснован сајтот - наречена „сервер за репринт“ - има негативни последици, особено за време на пандемијата. Оваа социјална мрежа била затрупана со теории на заговор кои тврделе дека новиот коронавирус е создаден во некоја кинеска лабораторија, по налог на кинеската влада, која сака да го намали бројот на жители.

А последниот и најсилен доказ во рацете на теоретичарите на заговори бил еден научен труд на сајтот bioRxiv. Го потпишале индиски истражувачи, кои навеле дека постои „огромна сличност“ помеѓу протеинот во вирусот ХИВ и новиот вирус. (Оттогаш овој труд е повлечен.)

Традиционално, индиските истражувачи би го испратиле својот труд на некој етаблиран научен журнал, а нивниот ракопис потоа ќе го прегледуваат други научници. Но тој процес некогаш трае со месеци, па дури и цела година. BioRxiv, medRxic - друг сајт што го основаше д-р Инглис - и другите „репринт сервери“ функционираат како привремени домови кои слободно ги шират новите сознанија. Но сега постои мошне гладна публика за вакви трудови, а многу е веројатно дека нивните читатели не ги сфаќаат сите ограничувања на тие студии.

Бројот на прегледи и симнувања на medRxiv се зголеми повеќе од стопати од декември минатата година, вели д-р Инглис. Луѓето кои немаат никакви научни сознанија, или имаат ги многу малку, очајнички бараат знаење за подобро да се информираат во донесувањето на секојдневните одлуки. Медиумите исто така сакаат нивните читатели да бидат во тек со најновите случувања. А оние кои се занимаваат со дезинформации секогаш сакаат да му даваат погонско гориво на заговорничкиот наратив.

„Секој што ќе прочита некој репринт веројатно ќе го прифати без многу дилеми“, а можеби од него ќе ја земе точно онаа информација која го поддржува неговиот врежан став, вели Ерик Топол, раководител на Преведувачкиот институт Scripss Research од Сан Диего и член на советодавниот одбор на bioRxiv.

Употребата и злоупотребата на она што се остава на репринт серверите претставува предизвик за нормалното функционирање на овие сајтови и отвора прашања како и дали ваквите форми на издаваштво би требало да функционираат за време на пандемија.

Кога научниот труд ќе се објави на сајтот, почнува скрининг: дали станува збор за плагијат? Дали впрочем ова е наука?

„Се обидуваме да бидеме одговорни“, вели д-р Инглис. „Да не создаваме очекувања кои се преголеми или дури ризични или опасни.“

Досега се поставени околу 1 600 трудови за Ковид-19.

Иако репринтите можат да му помогнат на научниот дискурс и да го забрзаат - што е неопходно за време на пандемијата - тие често изгледаат како прва рака и понекогаш содржат фрази кои би можеле да ги наведат луѓето без преголемо научно знаење во погрешна насока, вели Саманта Јамин, експертка за научна комуникација од Торонто. Таа наведува дека ова особено станува проблем кога медиумите ќе дојдат до некои од овие студии.

Д-р Инглис и другите вработени во bioRxiv и medRxiv воведоа некои нови ограничувања за трудовите кои се однесуваат на коронавирусот. На bioRxiv, научниците кои имаат искуство со вируси ги прегледуваат трудовите. Од средината на февруари тие ги одбиле сите ракописи кои наведуваат дека потенцијалното лекување на коронавирусот би можело да се заснова на компјутерски модели.

Медицинските и стручните журнали исто така добиваат повеќе трудови за коронавирусот, а истражувачите ги читаат постојано.

„Се забрзаа сите најголеми списанија“, вели д-р Топол.

Слики: Fred Plant

Извор: New York Times/International Report

Слични содржини

Општество / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото