Системот во системот

27.05.2020 15:01

Работел за FBI во тимот за апсење, десет години,
пред изјавата за отказ да ја достави на
бирото на началникот. Не можел да изнајде
никакво логично објаснување за таквиот чекор. Одделот за
контрола на персоналот го проучил проблемот, па одлучил
да го испрати на тајна психолошка
проценка. Минал низ серија разговори
со тамошните психолози, и еве што се открило.
Следуваат дешифрирани записи од разговорот
на 15 февруари. Тој вели: „...По апсењата,
обично ги претресувавме становите барајќи докази,
оружје и наркотици. Загледувајќи се во секој агол.
И еве што почнав да забележувам ̶ секојпат кога
ќе го отворев ладилникот, на горната полица имаше
јогурт со вкус на праска, подотворен,
полупразен. А до него лежат
две презреани банани. Ова ми го привлече вниманието
во 2010-та, кога апсевме еден тип во Вашингтон,
истата година се повтори во Денвер, потоа и
во Канзас Сити, и така продолжи. На крајот,
најдов 15 ладилници низ целата земја
токму со овој избор продукти на горната
полица. Но она што ме дотолчи ̶ беше последниот случај
во Њујорк: во станот имаше огромен бел
ладилник. На горната полица повторно имаше полупразно
канче јогурт со вкус на праска. Но до него лежеа три!
презреани банани. Си помислив ̶ каква глупост!
Т.е. и претходно така мислев. Но тоа ме докрајчи.
И во системот ̶ нема систем, сфаќате?
И во системот ̶ нема систем...“ Одлука
на началникот на одделението: „Честитајте му на испитаникот
со унапредување на следното ниво. Доделете му
пристап до ND, ставете го под надлежност на службата
за спречување невозможности со зголемување на
платата и придонесите. Да се врати на извршување на
службената должност.“

Препев: Јулијана Величковска

 

Слични содржини

Пандалф Вулкански
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото